Св. Никола — црква во прилепското село Дрен, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен два километра југоисточно од селото. Изградена е во 1866 година. Според ктиторскиот натпис, во 2003 – 2005 г. црквата е обновена од Милорад Андоноски и селаните. Претставува еднокорабен храм со полукружна апсида на исток. Има оригинален преродбенички иконостас кој е убаво насликан. Касетираниот таван е во шари, и во средината е претставен Бог Саваот.
Поврзано Плетварско-беловодичка парохија Прилепско архијерејско намесништво
Надворешни врски
Наводи
Дрен