Св. Никола — црква во прилепското село Крстец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Изградена е во 1881 и обновена во 1904 година. На западната страна во 1913 година е дограден трем. Живописот во црквата датира од 1943 година, дело на браќата Доневи од Гари. Претставува еднокорабна, полукружно засводена градба со полукружна апсида на источната страна, расчленета на пет слепи ниши.
Поврзано Плетварско-беловодичка парохија Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски Напис за црквата „Св. Никола“ со слики — „Маркукуле“
Крстец Категорија:Дела на Дебарската школа