Св. Пантелејмон — црква во демирхисарското село Света. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен на самиот северен крај на селото. Изградбата започнала во 1905 и завршила во 1910 година. Осветена е во 1911 година. Претставува еднокорабна градба со полукружна апсида и трем на запад. Има полукружен свод, а на запад има таваница. Ѕидаријата е од кршен камен, а аглите, отворите и венецот се од делкан камен. На запад над женската црква подоцна е изградена шестострана камбанарија, покриена со лим. Фасадите се фугирани, а апсидата е малтерисана. Храмот е живописан во 1913 година од истакнатиот мијачки мајстор Јаков Мажовски.
Во 1924 година покривот е поправен, а одделни фрески се повторно зографисани.
Слики
Поврзано Бучинска парохија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Света Категорија:Дела на Дебарската школа