„Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца“ — збирка со песни за деца, издание на Просветно дело, Редакција „Детска радост“ од 2005 година.
Содржина Книгата содржи 53 песни, распоредени во пет циклуси:Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005. Мечта Крег Мот, „Народна песна“ Видое Подгорец, „Принцезата бреза“ Јуриј Коринец, „Поток“ Србо Ивановски, „Градот на принцезата пастрмка“ Патрис Кајо, „Големиот ѓердан“ Ренцо Пецани, „Би сакал ли“ Глигор Поповски, „Тато“ Џудит Рајт, „Легенда“ Славе Ѓорго Димоски, „Ако знам“
Игра Славко Јаневски, „Песна за Јапонецот и за уште нешто“ Добрица Цесариќ, „Разговор со ќосот“ Херман Хесе, „Пеперутка“ Васил Куноски, „Дајте ни“ Микола Винтрановски, „Скитска заспивалка“ Георги Струмски, „Големиот и малиот“ Каетан Кович, „Пролет“ Михо Атанасовски, „Чадорче“ Јулијан Тувим, „Задоцнетиот славеј“ Роберт Луис Стивенсон, „Ветар“ Јован Стрезовски, „Рингишпил“ Николај Зидаров, „Крај мене мина ветрот“ Пол Фор, „Оро околу светот“ Јован Павловски, „Вторник“ Рита Буми - Папа, „Роза“ Јуџин Филд, „Русокосото дете“ Тоне Павчек, „Едноставни зборови“ Србо Ивановски, „Смешен настан на улицата“ Робеиро Коуто, „Девојчето од сиромашната станица“ Ту Фу, „Штирец“ Љупчо Силјановски, „Залудната љубов на вторникот“ Славко Јаневски, „Бунтот на чадорите“ Сормуниршин Дашдоров, „Утро во пустината Гоби“ Санде Стојчевски, „Вељо чудо“ Душан Радовиќ, „Лав“ Славко Јаневски, „Пошла прва камила, пошла втора камила“
Книга Видое Подгорец, „Песна за солунските браќа“ Насиха Капиџиќ-Хаџиќ, „На кого му раскажува“ Стојан Тарапуза, „Силата на зборовите“ Лудвиг Ухланд, „Утринска песна“ Џани Родари, „Надеж“ Санде Стојчевски, „Прозорчето на чичко Цепенков“
Татковина Беристерне Бернсон, „Дрво“ Васил Куноски, „Родниот Гоцев кат“ Љубивое Ршумовиќ, „Татковината се брани со убавина“ Видое Подгорец, „Што е тоа татковина“ Велимир Милошевиќ, „Татковина“ Звонимир Балог, „Поет“ Милутин Бебековски, „За родата, за слободата“
Дело Глигор Поповски, „Прсти“ Сесил Шабо, „Појди“ Видое Подгорец, „Жеравите на Сасаки“ Едвин Миркам, „Подготвеност“ Санде Стојчевски, „Часовник“
Опис на книгата Изброт на песните ги направил Миодраг Друговац, а Жарко Туниќ е автор на корицата, на илустрациите и на дизајнот. Книгата, со обем од 116 страници и димензии од 20 сантиметри, е објавена во библиотеката „Лектирни изданија“. Таа е каталогизирана во НУБ. „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-546-3.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005.
Наводи
Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Стихозбирки за деца Категорија:Книги од 2005 година Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2005 година