Св. Петар и Павле (или Собор на Светите Апостоли) — црква во Битола. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата се наоѓа на јужниот крај на градот, како храм на Буковските гробишта. Претставува трикорабен храм со подиздигнат среден кораб, влез од југ и правоаголна апсида наднадвор на исток. Иконостасот е дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.
Во црковниот двор се погребани француски, а варојатно и српски војници загинати во Првата светска војна.
Поврзано Градска битолска парохија Битолско архијерејско намесништво
Наводи
Битола Категорија:Цркви во Битола