Успение на пресв. Богородица — црква кај прилепското село Селце, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена во Долното Маало, на источниот крај на селото. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток. Изградена е во 1871 година. Не е живописана, но има убав оригинален иконостас кој е изработен од дрво и насликан. Ктиторскиот натпис гласи:
Камбанаријата е дело на градителот Димко Тавчија. На плочата за неа се наведуваат иселениците во Америка кои дале парични средства за нејзино отпочнување. Како датум е даден 19 март 1910 г.
Слики
Поврзано Прилепечко-витолишка парохија Битолско архијерејско намесништво
Наводи
Селце