Основно училиште „Јонче Смугрески“ (официјално: Подрачно основно училиште „Јонче Смугрески“ - Боротино; скратено: ПОУ „Јонче Смугрески“) — подрачно основно училиште во селото Боротино, составен дел на истоименото училиште во селото Обршани.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Боротино.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 2 паралелки со вкупно 16 ученици.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кривогаштани Категорија:Боротино Боротино