„Лов во матно“ (српски: Лов у мутном) – југословенски филм од 1981 година, во режија на Властимир Радовановиќ. Главните улоги ги толкуваат: Драган Николиќ, Бата Живоиновиќ, Мира Бањац, Тихомир Арсиќ, Петар Краљ и Неда Арнериќ.РТС, Лов у мутном (пристапено на 30.12.2021)

Синопсис Една дива населба во Белград, изградена на брегот на Дунав треба да биде разурната, а тоа предизвикува загриженост кај нејзините жители. Столе Харинга му нуди на Паја Главоња општествен стан кој е празен веќе три години и тој се вселува во него, заедно со децата, со сопругата и со татко му. Меѓутоа, по некое време се појавува сопственикот на станот и тогаш почнуваат проблемите во врска со документацијата при што се покажува дека станот е изграден надвор од проектот, а градежното претпријатие повеќе не постои. И кога сè изгледа решено, за време на судењето доаѓа до неочекуван пресврт...

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1981 година Категорија:Филмови на Властимир Радовановиќ Категорија:Филмови со Петар Краљ Категорија:Филмови со Тихомир Арсиќ Категорија:Филмови со Мира Бањац Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Драган Николиќ Категорија:Филмови со Неда Арнериќ