„Тесна кожа 4“ – српски филм од 1987 година, во режија на Милан Живковиќ и Вуксан Луковац. Главните улоги ги толкуваат: Никола Симиќ, Милан Гутовиќ, Ружица Сокиќ и Воја Брајовиќ. Ова е последниот филм од серијалот „Тесна кожа“.РТС, Тесна кожа 4 (пристапено на 1.1.2022)

Синопсис По повод 35-годишнината од неговата работа, Пантиќ (го игра Симиќ) добива плакета и часовник, но тој се надева на унапредување. За тоа време, директорот Шојиќ (го игра Гутовиќ) склучува договор со Ѓоле и со господинот Трпковиќ со цел да го уништи претпријатието, а потоа да го продаде на лицитација и така да си обезбеди пари за себе. Подоцна, Пантиќ добива отказ и почнува да работи како приватен детектив во една агенција. Сосема случајно, за време на една задача, тој дознава за планот на Шојиќ. Утредента, тој го уценува Шојиќ, надевајќи се дека така ќе добие унапредување, но неговата намера не се оставрува...

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1991 година Категорија:Филмови на Милан Живковиќ Категорија:Филмови со Воја Брајовиќ Категорија:Филмови со Ружица Сокиќ Категорија:Филмови со Никола Симиќ Категорија:Филмови со Милан Гутовиќ