Кралство Ломбардија-Венеција (латински: Regnum Langobardiae et Venetiae), познато уште како Ломбардо-Венецијанско Кралство (италијански: Regno Lombardo-Veneto; германски: Königreich Lombardo-Venetien) — составна земја на Австриското Царство. Кралството било создадено во 1815 година со резолуција на Виенскиот конгрес како признавање на правата на Хабсбуршко-лотариншката династија на поранешното Војводство Милано и поранешната Република Венеција по распадот на Наполеоновото Кралство Италија, основано во 1805 година. Во 1866 година територијата на кралството е инкорпорирана во неодамна прогласеното Кралство Италија.
Категорија:Италија во 19 век Категорија:Историја на Ломбардија Категорија:Хабсбуршко-лотариншка династија Категорија:Историја на Венето Категорија:Поранешни држави Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Поранешни кралства Категорија:Поранешни кралства во Европа Категорија:Поранешни држави на Апенинскиот Полуостров Категорија:Држави и територии настанати во 1815 година