„Салашот во Мали Рит“ (српски: Салаш у Малом Риту) – југословенски филм од 1976 година, во режија на Бранко Бауер, заснован на истоимената книга на Арсен Диклиќ. Главните улоги ги толкуваат: Славко Штимац, Миливоје Томиќ, Слободан Перовиќ, Миодраг Радовановиќ, Мирољуб Лешо и Светислав Гонциќ.РТС, Салаш у Малом Риту (пристапено на 1.1.2022)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во измисленото банатско село Мали Рит за време на Втората светска војна. Мали Рит е мирно село чии жители не се спротивставуваат на германската окупација. Партизаните, пак, за да не го привлечат вниманието на германската војска, се воздржуваат од напади врз селото и него го користат како тајна база. Во филмот се прикажуваат доживувањата на малото момче Милан Маљевиќ (го игра Штимац) кое на свој начин се вклучува во борбата против окупаторот. Во една прилика, германските војници земаат неколку заложници од селото при што го малтретираат и едно момче. За да им се одмазди, тоа го пали житото наменето за германската војска, која спроведува истрага предводена од фолксдојчерот Шицер. Тој ги заробува мажите од селото како заложници и почнува да ги стрела еден по еден. Децата од селото, бидејќи знаат дека возрасните не се виновни, преземаат своја акција за да ги спасат заложниците.

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Филмови на Бранко Бауер Категорија:Филмови со Славко Штимац Категорија:Филмови со Миодраг Радовановиќ Категорија:Филмови со Светислав Гонциќ Категорија:Филмови со Мирољуб Лешо Категорија:Филмови со Слободан Перовиќ Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Данило Бата Стојковиќ Категорија:Филмови со Гизела Вукотиќ Категорија:Филмови со Рената Улмански Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Миќа Томиќ Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Војводина