Солишта-Пазалка — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вепрчани. Претставува некропола од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во непосредната близина на селото, од североисточната страна, на една природна височинка која благо се спушта во насока на селото.

Опис

На наоѓалиштето има две корита издлабени во карпа, долги 1,80 до 2 метра и широки по 0,50 метра. Веројатно се работи за гробни конструкции.

Поврзано Вирои — населба од средниот век; Градиште — некропола од железното време; Завир – Среден Брег — населба од римското време; Селска црква — осамен наод од римското време; Св. Димитрија — црква од средниот век; Сламите — тумул од непознат период; Чукарките — неопределено од непознат период; Вепрчани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Вепрчани