Црквиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кален. Претставува црква од старохристијанско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 600 метри северно од селото.
Опис
На наоѓалиштето се наоѓаат остатоци од помала градба, ѕидана од кршен камен и варов малтер, од која источниот ѕид е зачуван во должина од 4,60 метри, а јужниот од 5,5 метри. Во непосредната близина има грамада од кршен камен и приделкани камења и дел од обработена мермерна плоча.
Поврзано Грамаѓе - населба и некропола од римско време; Катун - населба од среден век; Маркови Кули – тврдина од доцноантичко време и среден век; Темник - некропола од хеленистичко време; Трпчева Црква - црква и населба од среден век; Св. Спас - осамени наоди од римско време; Казан — населба од бронзеното време; Момирица — праисториска населба; Кален; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кален