Музеј Моко (Modern Contemporary Museum, Модерен современ музеј) — независен музеј сместен во Амстердам, Холандија и Барселона, Шпанија, посветен на изложување на модерна и современа уметност. Музејот е основан со мисија да привлече поширока и помлада публика и да ја направи уметноста достапна за јавноста. алт=Museum in Amsterdam|мини|208x208пкс Музејот Моко во Амстердам се наоѓа на Музеумплејн (македонски: Музејски плоштад), во историската Вила Алсберг, градска куќа дизајниран во 1904 година од страна на Едуард Кајперс внук на Пјер Кајперс, дизајнер на Централната станица на Амстердам и Рајксмузејот. Градската куќа била една од првите резиденции во приватна сопственост на Музејскиот плоштад и останала таква до 1939 година. Музејот Моко ги отворил своите врати во април 2016 година.
Музејот Моко во Ла Рибера, Барселона е во историската Палау Сервељо-Гиудис, поранешна приватна резиденција на благородничкото семејство Сервељо до 18 век. Зградата вклучува делови од претходна градба од 15 век, за што сведочи внатрешниот двор, заоблените скалила со столбови, капителите и лајсните од ренесансниот тип. Исто така, Палау Сервељо има импресивен готски фасаден влез.
Наводи
Надворешни врски https://mocomuseum.com/
Категорија:Ликовни музеи и галерии во Холандија Категорија:Музеи во Амстердам Категорија:Музеи на модерна уметност