Дамјан Даничиќ (роден на 24 јануари 2000 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како лев бек во Првата ХНЛ лига и тоа во тимот на Истра 1961 од Пула. Таму настапува како позајмен играч од клубот на Динамо од Загреб.
Клупска кариера
Вождовац Даничиќ е младински играч на српскиот гигант Црвена ѕвезда од Белград, чија академија ја напуштил во 2019 година и се приклучил на српскиот Суперлигаш Вождовац. Тоа го сторил на слободен трансфер. Својот прв натпревар во Суперлигата го имал на 27 јули 2019 година во нерешениот натпревар од 2:2 со клубот на Пролетер од Нови Сад. Три месеци подоцна, на 9 октомври, тој го одиграл својот прв натпревар во Купот на Србија кога клубот на Телеоптик ја победил екипата на Вождовац со резултат од 8:7 во пенал серијата. Даничиќ за тимот на Вождовац имал одиграно седум нaтпревари во првата полусезона.
Динамо Загреб Поради малата минутажа во клубот и недоразбирањето со Стефан Хајдин, Даничиќ во јануари 2020 година потпишал во Хрватската лига за тимот на Динамо од Загреб, чија академија на времето ја посетувал и неговиот татко за време на тренерот Ото Бариќ. Тој станал вториот српски играч по Комнен Андриќ кој играл за Динамо од Загреб од осамостојувањето на Хрватска како држава. Трансферот предизвикал мали контроверзии во Србија поради ривалството помеѓу екипите на Динамо од Загреб и Црвена ѕвезда од Белград.
Првиот натпревар за Динамо од Загреб го одиграл на 27 јануари 2020 година во Меѓународниот куп против тимот на Лестер Сити. Екипата на Лестер победила со резултат од 2:1. Тој на 22 февруари 2020 година го одиграл својот прв натпревар во Втората НХЛ за екипата на Динамо од Загреб II во нерешениот натпревар од 2:2 со клубот на Ориент 1919. Тренерот на првиот тим Зоран Мамиќ му дал шанса на Даничиќ во првиот тим на Динамо на 18 јули истата година. Тоа бил натпреварот во Првата ХНЛ помеѓу Динамо и Истра 1961.
На 19 октомври, тој бил позајмен на екипата од Првата ХНЛ лига за клубот на Вараждин и тоа до крајот на сезоната. Својот прв натпревар за Вараждин го имал на 23 октомври во поразот со 2:1 од составот на НК Славен Белупо. Даничиќ бил вратен од Вараждин во јануари 2021 година. Својот прв гол го постигнал за тимот на Динамо II на 12 април, во победата со 3:1 над екипата на Оријент 1919. Вториот пак гол го постигнал на 5 мај во победата со 2:0 над екипата на Хрватски Драговољац.
Репрезентација Даничиќ е роден во Загреб од родители Срби. Тој поседува и српско и хрватско државјанство, што го прави подобен за игра и во двете репрезентации, за Фудбалската репрезентација на Хрватска и за Фудбалската репрезентација на Србија.
Даничиќ својот прв повик во репрезентацијата на Србија до 21 година го имал на 29 септември 2020 година, кога селекторот Илија Столица го повикал за квалификациите за ЕВРО 2021 до 21 година во двомечот против селекциите на Полска и Естонија. Настапил на вториот натпревар, оној со репрезентацијата на Естонија, на 13 октомври 2020 година, кој завршил нерешено, без голови.
Статистика во кариерата
Клупска статистика
+Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварувања Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Вождовац 2019–20 Српска Суперлига 6 0 1 0 - 7 0 Динамо од Загреб II 2019–20 ХНЛ втора лига 2 0 - - 2 0 2020–21 22 2 - - 22 2 Вкупно 24 2 - - 24 2 Динамо од Загреб 2019–20 Прва ХНЛ 2 0 - - 2 0 2020–21 3 0 1 0 0 0 4 0 Вкупно 5 0 1 0 0 0 6 0 Вараждин (како позајмен играч) 2020–21 Прва ХНЛ 5 0 1 0 - 6 0 Истра 1961 (како позајмен играч) 2021–22 12 0 1 0 - 13 0 Вкупно во кариера 52 2 4 0 0 0 56 2
Признанија Динамо Загреб
Освоена е Првата ХНЛ: 2019–20
Белешки
Наводи
Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Српски фудбалери Категорија:Срби во Хрватска Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година