Бојана Тодоровиќ, позната и како Бо Тодоровиќ (родена на 28 октомври 1991 година во Белград, Србија) е српско-американска одбојкарка.
Тодоровиќ победила заедно со својот тим на натпреварот од НЦАА Дивизија I во 2011 година. Тоа го сторила со екипата на Универзитетот во Калифорнија Бруинс. Бојана била четврта на Светското првенство U23 на ФИВБ во 2013 година. Со филипинскиот клуб Филипс Голд Лејди Сламерс го освоила бронзениот медал на натпреварувањето за Големата награда на Филипините во Суперлигата во 2015 година и Втората поединечна награда за најдобар надворешен натпреварувач.
Приватен живот Тодоровиќ е родена на 28 октомври 1991 година во Белград. Во детството била сведок на НАТО бомбардирањето на Југославија за време на војната во Косово. Секојденевните сирени ги слушала додека била на игралиштето за одбојка. Голем период од денот минувала во засолништата, скривајќи се од бомбардирањето. Подоцна кога таа имала 9 години нејзиното семејство се преселило во Лонг Бич, Калифорнија. Нејзини родители биле Душан и Маја Тодоровиќ кои биле поранешни одбојкари. Од нив ја добила желбата за играње на одбојка. Таа имала постар брат по име Димитрије. Нејзината висина е 183 сантиметри, а нејзината тежина 70 килограми. Бојана зборува српски, англиски и шпански јазик.
Тодоровиќ дипломирала во Универзитетското средно училиште (Ирвин, Калифорнија), а студирала на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес каде дипломирала економија. Таа се запишала на Државниот универзитет во Калифорнија, во Лонг Бич за да магистрира спортски менаџмент и историја на Источна Европа. Тодоровиќ често добивала пофалени зборови за нејзиниот прекрасен изглед додека играла во Франција и на Филипините. Од август 2020 година имало гласини дека таа се забавувала со познатиот Кирби Руиз. Бојана Тодоровиќ работи и како професионален модел.
Кариера Во младоста Тодоровиќ вежбала една година карате пред да започне да тренира одбојка. Одбојка започнала да тренира на 7 годишна возраст во градот Белград. Играјќи за Универзитетското средно училиште, Тодоровиќ секоја година играла во сите градови, вклучувајќи го и ЦИФ првенството во нејзината прва година. Со клубот Лагуна Бич, таа го освоила третото место на Јуниорското државно првенство во 2007 и 2009 година. Била избрана во најдобриот тим на сите турнири во 2008 и 2009 година.
Својата играчка кариера ја поминала на Универзитетот во Калифорнија Бруинс како надворешен играч во првите две години, потоа била специјалист за одбрана, а настапувала и како либеро во последната година. Бојана поминала една година играјќи одбојка на песок. Таа била дел од шампионскиот тим на УКЛА Бруинс во 2011 година за време на натпреварот НЦАА I дивизијата во 2011 година. Во нејзината прва година од професионалното играње таа била дел од тимот на 2009 All-Pac-10 Freshman. Тодоровиќ победила на турнирот во одбојка на плажа УСАВ IDQ #3 во 2010 година, заедно со соиграчката Тара Роенике заработувајќи повик во тимот за одбојка на плажа до 19 години за селекцијта на САД, но не можела да се натпреварува со тимот бидејќи сè уште не била американски државјанин.
Во 2013 година, таа била дел од репрезентацијата на Соединетите Американски Држави која на крајот се квалификувале на четвртото место на Светското првенство U23 на ФИВБ. Во 2014 година, таа одиграла уште една сезона во одбојка на песок, овој пат во Лонг Бич Стејт 49ерс, како носител број 1, стигнувајќи до осминафиналето на Државното првенство. Подоцна потпишала со францускиот клуб од втората лига, ЦЕП Поитерс Сент - Бено сместен во градот Поатје. Претходно ги одбила понудените можности од Германија и Швајцарија поради јазикот кој се говори во тие држави.
2015 година Во новиот клуб Тодоровиќ имала забележителна улога и таа му помогнала да избегне испаѓање од лигата. Нејзиниот тренер сакал да ја задржи во екипата, но таа потврдила дека ќе се врати во САД, а тренерот побарал од клубот да му најде нова „Бојана Тодоровиќ“.
Во октомври 2015 година, таа ја прифатила понудата да се приклучи на клубот на Филипс Голд Лејди Сламерс да игра на конференцијата за Гран-при на ПСЛ 2015 година. Нејзиниот престој го опишала како одлично искуство со новите соиграчки и навивачи. Одвојувала доста време да научи филипински јазик за да можела да ја подобри комуникацијата со своите соиграчки. Постигнувајќи 38 поени на еден натпревар таа му помогнала на својот клуб да заврши на првото место. Во тој натпревар била постигната победа против тимот на Фотон. Во наредниот натпревар таа постигнала 31 поен, повторно против клубот на Фотон, но нејзиниот клуб загубил со 2:3 во сетови. На крајот клубот на Филипс Голд го освоил третото место. Неколку минути по натпреварот за третото место против клубот на Сигнал ХД Спајкерс на 21 ноември 2015 година, Тодоровиќ објавила дека ќе се повлече од спортот по крајот на сезоната во Порториканската одбојкарска лига. Одлуката била таква бидејќи Бојана сакала да посвети внимание на одбрана на магистерската работа по спортски менаџмент, на Државниот универзитет во Калифорнија, Лонг Бич.
2016 година Тодоровиќ за сезоната 2016 потпишала за порториканскиот клуб Валенсијас де Јункос. Но веднаш потоа, на почетокот на март, таа била префрлена во клубот на Чангас де Наранџито за да ја замени Емили Браун. Иако му помогнала на својот тим да се искачи на седмата позиција, подоцна таа доживеала повреда и не можела да игра во остатокот од сезоната.
Клубови
ЦЕП Поитиер Сент-Бено (2014-2015) Филипс Голд Лејди Сламерс (2015) Валенсијас де Јункос (2016) Чангас де Наранџито (2016)
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Српски одбојкарки