Ненад Милијаш (роден на 30 април 1983 во Белград) бил поранешен српски фудбалер. Настапувал како играч од средниот ред.
Кариерата ја започнал во Земун, а во јануари 2006 година преминал во составот на Црвена ѕвезда. Со црвено-белите освоил две двојни круни во следните три и пол сезони. Од 2009 до 2012 година настапувал во англиската Премиер лига, за клубот на Вулверхемптон, а во 2012 година се вратил во Црвена ѕвезда. Во вториот период во клубот освоил уште една шампионска титула на Србија. Од 2014 до 2016 година Ненад Милијаш настапувал во Турција и Кина, а потоа се вратил во Црвена ѕвезда и таму останал до крајот на кариерата во 2019 година. Во тој меѓупериод освоил уште две титули со истиот клуб.
За фудбалската репрезентација на Србија настапувал од 2008 до 2011 година и во тој период одиграл 25 натпревари со четири постигнати гола. Бил учесник на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.
Кариера
Земун Ненад Милијаш ги минал помладите категории во екипата на Земун, а за првиот тим на овој клуб настапил на седум дена пред неговиот 17ти роденден во 2000 година, кога влегол при крајот на натпреварот со екипата на Партизан.Ненад Милијаш, после 11 година са Звездом гост у Земуну у Горњој вароши До декември 2005 година, за Земун одиграл 129 првенствени натпревари и постигнал 17 гола.
Црвена ѕвезда Во јануари 2006 година, Милијаш потпишал договор со екипата на Црвена ѕвезда.Milijaš i definitivno u Zvezdi Неофицијално првиот натпревар го одиграл на 20 јануари 2006 година на Кипар, во пријателски натпревар против составот на Литекс, кој Бугарите го добиле со резултат од 2:0. Првиот натпреварувачки натпревар за црвено-белите го одиграл на 18 февруари против екипата на Вождовац во Душановац, кога Црвена ѕвезда победила со резултат од 2:0 со головите на Душан Ѓокиќ и Бошко Јанковиќ. Својот прв гол за екипата на Црвена ѕвезда го постигнал на 11 март 2006 година во победата од 1:0 над составот на Рад. Овој натпревар се одиграл на стадионот Маракана.Пројектил Милијаша Веќе во првата полусезона ја освоил двојната круна. Во првенството одиграл десет натпревари со четири постигнати гола,Шампиони државе 2006. додека во Купот настапил на два натпревари.Освајачи Купа 2006.
Следната сезона повторно ја освоил двојната круна. Ненад Милијаш во првенството 2006/07 одиграл 25 натпревари и постигнал 5 гола,Шампиони државе 2007. од кои еден од пенал против екипата на Партизан на гостински терен во Хумска за победа од 2:1. Тоа било 130то вечно дерби.Zvezdi 25. titula u Humskoj Во освојувањето на Купот, придонел со четири натпревари и со еден гол.Освајачи Купа 2007. Единствениот гол во купот го постигнал во полуфиналето против екипата на Партизан од голема далечина во 15та минута од натпреварот за победа на неговиот тим од 1:0.
Ненад Милијаш во два обида со екипата на Црвена ѕвезда не успеал да се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите. Најпрво, екипата на Милан била поуспешна, во последното квалификациско коло во 2006 година, додека во 2007 година екипата на Црвена ѕвезда била исфрлена од шкотскиот тим Глазгов Ренџерс. Во 2007 година неговиот клуб продолжил во натпреварувањето на Купот на УЕФА, каде Милијаш постигнал гол против составот на Баерн во Белград. На тој натпревар црвено-белите ја загубиле предноста од 2:1 на самиот крај на натпреварот и на крајот резултатот бил 2:3 за екипата од Минхен.Милијаш: Чудно што је мој гол последњи за Звезду у Лиги Европе (ВИДЕО)Nesrećni poraz Zvezde u 90. minutu
Црвена ѕвезда првенството на Србија 2007/08 го завршила без пораз, но имала многу нерешени натпревари, па на крајот била второпласирана, иако на домашен терен го совладала клубот на Партизан во 132то вечно дерби со резултат од 4:1. Милијаш на тој натпревар постигнал гол од пенал и го поставил конечниот резултат. Натпреварот се одиграл без присуство на публика поради казната на клубот. Екипата на Црвена ѕвезда била запрена во Купот во полуфиналето од составот на Партизан со резултат 2:3. На тој натпревар Милијаш постигнал регуларен гол, но судиите по сопствена грешка го поништиле.Милијаш ни после девет година не може да преболи поништен гол против Партизана: Неправда ме и даље прогања... Во сезоната 2007/08 Ненад Милијаш одиграл вкупно 42 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 12 гола, само три помалку од најдобриот стрелец на тимот соиграчот Ненад Јештровиќ.
Црвена ѕвезда играла лошо во сезоната 2008/09 и завршила на третото место на табелата, а Милијаш бил прв стрелец на тимот со дури 18 гола на 33 натпревари во првенството. Во сезоната за заборав, тој одиграл вкупно 39 натпревари во сите натпреварувања (најмногу во тимот) и со 23 гола бил убедливо најдобар стрелец и играч на клубот, а заедно со Алмами Мореира бил прогласен за најдобар играч во српското првенство.Мореира и Милијаш најбољи у протеклој сезони
Вулверхемптон Во јуни 2009 година, Милијаш потпишал четиригодишен договор со екипата на Вулверхемптон.Milijaš predstavljen u Vulvsima Својот прв натпревар за Волците го имал на 15 август 2009 година во натпреварот против екипата на Вест Хем во првото коло од Премиер лигата. Иако неговиот тим губел со 2:0, Милијаш пружил одлична партија, па телевизијата Скај Спортс го прогласила за играч на натпреварот, и бил вклучен во идеалниот тим на првото коло.Milijaš u prvom timu Premijer lige Тој го постигнал својот прв гол во дресот на Волвс на 5 декември 2009 година во победата од 2:1 над екипата на Болтон.PL: Prvenac Milijaša, Junajted lako Неговиот втор и последен гол во сезоната 2009/10 го постигнал на 20 декември 2009 година во победата од 2:0 над составот на Барнли.Gol Milijaša u pobedi Vulvsa Во својата прва сезона во дресот на Вулвс, тој одграл 19 натпревари (12 како стартер) во Премиер лигата и настапил на два натпревари од ФА Купот и еден во Лига Купот.
Во сезоната 2010/11 одиграл 23 натпревари во Премиер лигата (20 како стартер) и постигнал два гола. Тој го постигнал својот прв гол на 30 октомври 2010 година во победата на неговиот клуб со 2:1 над составот на Манчестер Сити.Srbi briljirali, golovi Vidića, Ivanovića i Milijaša za pobede Својот втор гол го постигнал 15 јануари 2011 година против истиот противник, но овој пат во поразот од 4:3 на градскиот стадион во Манчестер.Premijer liga: Bane i Milijaš strelci Милијаш одиграл одличен натпревар на 6 март 2011 година, кога најпрвин забележал асистенција во нерешениот натпревар против екипата на Тотенхем (3:3), а потоа бил досуден пенал врз него, кој успеал да го реализира неговиот соиграч Кевин Дојл.Liverpul lako sa Junajtedom, Milijaš namučio Totenhem Тој постигнал два гола во Лига купот, двата од пенали против екипите на Саутенд и на Нотс Каунти.Gol Milijaša iz penalaKarling Kup: Žigić, Milijaš strelci Милијаш постигнал еден гол во ФА Купот на 8 јануари 2011 година во нерешениот натпревар од 2:2 против екипата на Донкастер Роверс.FA KUP: Jalovi Arsenal, evrogol Milijaša
Во сезоната 2011/12 одиграл 20 натпревари во Премиер лигата (шест како стартер) и не постигнал ниту еден гол. Само што се сместил во стартниот состав на Волвс, Милијаш на 27 декември 2011 година добил директен црвен картон по стартот над Микел Артета од екипата на Арсенал.Milijaš pocrveneo, Arsenal kiksnuo Добил казна од три натпревари неиграње.Milijaš mora da pauzira tri meča Клубот се жалел на оваа одлука, но жалбата била одбиена.Odbijena žalba na suspenziju Milijaša, slede tri meča pauze По истекот на казната, Милијаш не одиграл ниту еден натпревар како стартер до крајот на сезоната во Премиер лигата. „Волците“ испаднале од Премиер лигата на крајот на сезоната. Таа сезона Милијаш ги постигнал своите единствени голови во Лига купот, еден против екипата на Нортемптон и еден против составот на Манчестер Сити.
Во август 2012 година бил ставен на трансфер листатаNenad Milijaš na prodaju и на 30 август 2012 година спогодбено го раскинал договорот со Волците.Milijaš formalno slobodan
Враќање во Црвена ѕвезда На 31 август 2012 година, Милијаш се вратил во екипата на Црвена ѕвезда.Milijaš: Bilo je još zainteresovanih klubova, ali svi znaju koliko volim Zvezdu На 22 септември 2012 година, во Суперлигашкиот натпревар против Хајдук во Кула (1:0 за Ѕвезда), Милијаш го одиграл својот 100ти првенствен натпревар за црвено-белите.Кулу ће посебно памтити Милијаш и Савићевић, www.sportal.rs, 23. 9. 2012. Во сезоната 2012/13, тој одиграл вкупно 29 натпревари и во сите натпреварувања постигнал девет гола, од кои еден бил победнички и бил постигнат со глава во 143-то вечно дерби со резултат од 3:2.143. VEČITI DERBI: Milijaš spasio prvenstvo, Zvezda dobila Partizan
Во наредната 2013/14 сезона, Милијаш како капитен бил еден од клучните играчи за освојување на 26-та титула. Во сезоната за својот трет шампионски пехар одиграл 29 натпревари во првенството (најмногу во тимот заедно со голманот Бобан Бајковиќ) и постигнал осум гола, со што станал трет стрелец на составот на Црвена ѕвезда. Таа сезона имал и 9 асистенции.Шампиони државе 2014.Kako se kovala Zvezdina titula: Kapiten Miki, Džoni, Nine i njihova posada Сметајќи ги сите натпреварувања во сезоната 2013/14, тој забележал 36 одиграни натпревари и девет гола.
Сезоната 2014/15 во црвено-белиот дрес ја започнал со своите голови против Раднички од Ниш (2:0)Crvena zvezda - Radnički Niš 2:0 (2:0) и Јагодина (3:0).Zvezda nadigrala Jagodinu - 3:0 Неговиот последен натпревар му бил против составот на Војводина (1:0) во Нови Сад.Милијаш се победом растао од Звезде
Турција и Кина На 26 август 2014 година, Милијаш потпишал двегодишен договор со турскиот второлигаш Манисаспор. Во турскиот тим за пет месеци постигнал седум гола на 18 првенствени натпревари. Во февруари 2015 година преминал во кинескиот второлигаш Хебеи, на чија клупа во тој момент седел тренерот Радомир Антиќ.Zvanično: Milijaš kod Antića u Kini! Во дресот на овој клуб, во 2015 година тој постигнал 13 гола на 29 првенствени натпревари,Nenad Milijas - National Football Teams со што значително му помогнал на Хебеи да се квалификува во кинеската Супер лига. По Хебеи, тој станал член на Неи Монголс, исто така кинески второлигаш. За овој клуб во 2016 година одиграл 27 натпревари и постигнал три гола.
Второ враќање во Црвена ѕвезда На крајот на јануари 2017 година Милијаш се вратил во екипата на Црвена ѕвезда.Nenad Milijaš ponovo u Zvezdi! Во пролетниот дел од сезоната 2016/17 одиграл единаесет натпревари (10 во првенството и еден во купот). На натпреварот против екипата на Спартак од Суботица, одигран на 1 април 2017 година, го одиграл својот 200-ти натпревар за екипата на Црвена ѕвезда.JUBILEJ I 200. MEČ Milijaš: Zvezda mi je dala mnogo više nego što ću ja moći da joj vratim
На натпреварот против екипата на Јавор, одигран на 17 февруари 2018 година, Милијаш го одиграл својот 232 натпревар во Црвена ѕвезда, па го престигнал Дејан Миловановиќ и станал играчот со најмногу натпревари за клубот од освојувањето на европската титула во 1991 година. Во сезоната 2017/18 ја освоил својата четврта титула со црвено-белите.Милијаш: Ова титула је посебна
Во сезоната 2018/19 Црвена ѕвезда изборила пласман во Лигата на шампионите, но Милијаш не одиграл ниту еден натпревар во квалификациите, ниту во групната фаза од ова натпреварување. На првенствениот натпревар против екипата од Нови сад Пролетер, одигран на 7 април 2019 година, Милијаш го одиграл својот 250-ти натпревар во црвено-белиот дрес. Тој одиграл само осум натпревари таа сезона (седум во првенството и еден во купот). На крајот на сезоната ја освоил својата петта титула, со што влегол во историјата како првиот играч кој освоил пет домашни првенствени од распадот на СФРЈ.KAPITEN ZVEZDE OBARA REKORDE Evo zbog čega je Milijaš ušao u istoriju još od vremena SFRJ Последниот натпревар во неговата играчка кариера го одиграл на 19 мај 2019 година во последното коло од Супер лигата против екипата на Напредак од Крушевац, кога го подигнал пехарот за шампион на Србија.Milijaš rekao zbogom fudbalu, uz pobedu i veliki oproštaj
Репрезентација