Париз-Рубе 2021 — 118. издание на велосипедската еднодневна трка Париз-Рубе, која се одржала на 3 октомври како 28. настан во сезоната на Светската турнеја. Првобитно била закажана да се одржи на 11 април 2021 година, но била одложена поради пандемијата на КОВИД-19 во Франција. Планираната трка во 2020 година исто така била откажана поради пандемијата. По првпат женската трка била одржана еден ден пред машката трка.

Италијанецот Сони Колбрели ја освоил трката во троен спринт пред Флоријан Вермерш и Матје ван дер Пул. Ова било првпат италијански велосипедист да ја освои трката по Андреа Тафи во 1999 година.

Екипи

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи. Од нив, само не учествувале со максималните дозволени седум возачи. Од вкупно 174 возачи, 96 ја завршиле трката.

Поредок Завршен пласман

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Париз-Рубе Категорија:Светска турнеја на UCI 2021 Категорија:Франција во 2021 година