мини|Саша Вицикнез 2006 година Александар „Саша“ Вицикнез (роден на 30 мај 1974 година) бил поранешен српски фудбалер кој играл најчесто на позицијата на лево крило.
Вицикнез за прв пат настапил во 1995 година во Втората лига на СР Југославија, против екипата на ФК Динамо од Панчево, а подоцна стигнал и до највисокото ниво во 1997 година со екипата на ФК Обилиќ. За време на неговиот престој во Белград, тој го освоил југословенското првенство во сезоната 1997-98 и настапил во Лигата на шампионите на УЕФА 1998-99. По почетната успешна домашна кариера и краткиот престој во екипата на ФК Хајдук Кула, тој заминал во странство за да игра најпрво во кинеската Џиа-А лига, а подоцна и во бугарската А ПФГ лига. Вицикнез се вратил во 2004 година во својата држава, за да помине извесно време во екипата на Црвена ѕвезда од Павлиш и во составот на ФК ЧСК од Челарево.
Во 2006 година, тој по трет пат заминал во странство, овојпат за да игра во Канадската фудбалска лига поточно во српскиот клуб ФК Бели орли од Канада. Вицикнез одиграл значајна улога на европските професионални играчи во канадската КСЛ (канадска супер лига). Тоа бил период кој важел за ера во која настапувале голем број на играчи увезени во канадската лига. За време на неговиот престој во Торонто, многу пати бил и капитен на тимот, со кој освоил неколку признанија како што биле првенството на КСЛ, титулата на меѓународната дивизија и наградата КСЛ за МВП.
Играчка кариера Вицикнез ја започнал својата кариера во 1995 година во екипата на ФК Динамо од Панчево во Втората лига на СР Југославија. Во 1997 година потпишал со составот на ФК Обилиќ од Првата лига на СР Југославија. Во својата прва сезона тој бил дел од славниот тим на Обилиќ кој го освоил југословенското првенство 1997-98. Како резултат на тоа, заедно со клубот учествувал во Лигата на шампионите на УЕФА 1998-99, каде што настапувал против екипата на ФК Баерн од Минхен. Во 2000 година тој заминал во странство, односно во Кина за да игра во составот на Шангај Шенхуа во кинеската Џиа-А лига. Додека настапувал во Кина, понекогаш погрешно го нарекувале Саша Рача (бидејќи неговото име било помешано со неговиот соиграч Саша Раца).
Неговиот престој во Кина бил краткотраен и тој се вратил во Европа за накратко да настапува во ФК Хајдук од Кула. Веднаш потоа заминал во странство, овојпат во Бугарија. За време на неговиот престој во Бугарија настапувал во екипата на ПФЦ Нафтекс од Бургас во бугарската А ПФГ. По две сезони во странство се вратил во Србија за да игра во екипата на Војводина од српската лига, и во првата српска лига заедно со тимовите на Црвена Ѕвезда од Павлиш и ФК ЧСК од Челарево.
Во 2006 година, Вицикнез заминал во странство за да игра во екипата на српските бели орли од Канадската фудбалска лига. Својот прв натпревар го одиграл на 19 мај 2006 година против составот на Италија шутерс, на кој постигнал гол во победата од 3:2. Во својата прва сезона тој бил именуван во списокот на ѕвездите на КСЛ лигата. Против екипата на Клајд ФК, тој го постигнал единствениот гол во поразот од 2:1. Вицикнез завршил како втор најдобар стрелец на клубот и со него ја освоил титулата во меѓународната дивизија на канадската фудбалска лига. Во постсезоната тој ги постигнал двата гола во победата од 3:0 над екипата на Торонто Супра Португесе. Со таа победа српската екипа се квалификувала во полуфиналето. Вицикнез настапил во финалето на КСЛ натпреварувањето против составот на Италија шутерс каде италијанците успеале да ја победат српската екипа со резултат од 1:0. На крајот на сезоната ја добил наградата за МВП.
Во текот на сезоната 2007 тој многу придонел за втората титула на српската екипа на Белите орли во меѓународната дивизија, и стигнале до финалето на првенството и тоа втора сезона по ред. Тој бил именуван во ол-стар тимот втора година по ред. Вицикнез успеал да го освои првенството и во сезоната 2008, каде во финалето неговата екипа се соочила со составот на Троа-Ривиер Атак. На тој натпревар екипата на Вицикнез победила со резултат од 2:1 по изведување на пенали. Наредната сезона, српската екипа ја додала својата трета титула од меѓународната дивизија во нивниот трофејна витрина За време на прелиминарната рунда од постсезоната. Тој значително придонел со тоа што постигнал неколку голови во серијата на клубот против екипата на ТФЦ Академија. Вицикнез се појавил во својот четврти првенствен настап во реваншот против составот на Троа-Ривиер, каде што овој тим ѝ ја одзел титулата на српската екипа по поразот со резултат од 3:2 по изведување на пенали. Лигата ги препознала неговите добри игри и му ја доделила втората по ред награда за МВП на КСЛ (канадска супер лига).
Признанија
Обилиќ
Освоена е Првата лига на СР Југославија: 1997–98
Српски бели орли
Освоен е Првенството во КСЛ (1): 2008 година Освоена е Канадска фудбалска лига, меѓународна дивизија (3): 2006, 2007, 2009 година
Наводи
Категорија:Српски фудбалери Категорија:Луѓе од Вршац Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1974 година