Александар Катаи (Србобран, 6 февруари 1991) е српски фудбалер, кој моментално игра за екипата на Црвена ѕвезда.

Кариера Александар Катаи започнал да игра фудбал во екипата на Војводина. Во текот на 2009 година бил испратен како позајмен играч во составот на Палиќ за период од шест месеци, а пред почетокот на сезоната 2009/10 тој бил промовиран во првиот тим на екипата од Нови Сад. Во Супер лигата за прв пат настапил на 10 март 2010 година кога влегол како замена на натпреварот против составот на Чукарички, а првиот гол го постигнал седум дена подоцна на дуелот против екипата на Млади Радник. По само две сезони во првиот тим на Војводина, во летото 2011 година, Катаи потпишал четиригодишен договор со екипата на Олимпијакос.Катаи и званично у Олимпијакосу Веднаш бил испратен како позајмен играч во клубот на ОФИ од Крит, каде одиграл само два натпревара. Во месец јануари 2012 година се вратил и тоа како позајмен играч во екипата на Војводина. Во сезоната 2013/14 повторно бил ангажиран како позајмен играч, но овој пат во тимот на Платанијас.

На крајот на месец август 2014 година Александар Катаи дошол како позајмен играч за период од една година во составот на Црвена ѕвезда.Александар Катаи потписао за Звезду Наредното лето, тој го раскинал договорот со екипата на Олимпијакос и потпишал двегодишен договор со составот на Црвена ѕвезда.Катаи остаје у Звезди, потписао уговор на две године! Во сезоната 2015/16 ја освоил титулата со црвено-белите и бил најдобар стрелец во лигата со вкупно 21 постигнат гол на 33 одиграни натпревари.Звезда се играла, Катаи најбољи стрелац! На последениот ден од летниот преоден рок во 2016 година тој ја напуштил екипата на Црвена ѕвезда и потпишал за шпанскиот прволигаш Алавес.Катаи у Алавесу за 2.000.000 евра и проценте!

На 31 декември 2019 година, Александар Катаи потпишал договор со екипата на Лос Анџелес Галакси.LA Galaksi ozvaničio Kataijev potpis: Hvala Veljku Paunoviću... За овој клуб одиграл само два натпревари во МЛС лигата, по што првенството било прекинато поради пандемијата на корона вирусот. Катаи бил играч на Лос Анџелес Галакси до 5 јуни 2020 година, кога договорот бил раскинат поради наводни расистички пораки што неговата сопруга ги поставила на социјалната мрежа Инстаграм.Galaksi otpustio Aleksandra KataijaKatai otpušten u Galaksiju zbog rasističkog skandala: Žena ga koštala ugovora u Los Anđelesu!

На 10 јули 2020 година, Александар Катаи се вратил во екипата на Црвена ѕвезда, по речиси четири години играње во странство. Тој потпишал двегодишен договор вреден 480.000 евра, што го направил најплатениот играч на екипата за таа сезона. Александар Катаи го земал дресот со бројот 10 кој го носел и првиот пат кога пристигнал во составот на Црвена ѕвезда.Katai nova Zvezdina "desetka"!

Статистика

Клупска стстистика

+Одиграни натпревари и постигнати голови во различни клубови и различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариНационален купЕвропски или континентални натпревариОстанати натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиПалиќ (како позајмен играч)2009/10Српска лига на Војводина103———103Војводина2009/10Српска Суперлига63———632010/1123341——274Војводина (како позајмен играч)2011/1211120——1312012/1320550——255Вкупно6012111——7113ОФИ Крит (како позајмен играч)2011/12Суперлига на Грција20———20Олимпијакос2011/12Суперлига на Грција—————2012/13—————2013/14—————2014/15—————Вкупно—————Платанијас (како позајмен играч)2013/14Суперлига на Грција24820——268Црвена ѕвезда (како позајмен играч)2014/15Суперлига на Србија20220——222Црвена ѕвезда2015/1633211220—36232016/1742—64—106Депортиво од Алавес2016/17Прва лига Шпанија20360——2632017/183010——40Вкупно23370——303Чикаго фајер2018МЛС331241——3713201929600——296Вкупно621841——6619Лос Анџелес галакси2020МЛС20———20Црвена ѕвезда2020/21Суперлига на Србија23143183—34182021/22171210106—2818Вкупно9751732613—13067Вкупно во кариерата280953152613—337113

Репрезентација

Србија Година Натпревари Голови 2015 година 1 0 2016 година 5 0 2017 година 0 0 2018 година 0 0 2019 година. 3 0 2020 година 1 0 Во целост 10 0

Трофеи

Црвена ѕвезда

Освоена е Српската Суперлига: 2015/16.

Наводи

Надворешни врски

Александар Катаи на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија Александар Катаи на сајтот на српската репрезентација

Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1991 година