Пештерка — археолошко наоѓалиште во скопското село Рашче, Општина Сарај. Претставува населба од римското време.

На 700 м јужно од селото, на околу 2 декара обработлива земја се среќаваат фрагменти од керамички садови, стакло и друго. На локалитетот се наоѓа и една обработена плоча со натписно поле на кое се забележуваат остатоци од латинско писмо.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи