Пештерка — археолошко наоѓалиште во скопското село Рашче, Општина Сарај. Претставува могили од римското време.

На североисточниот крај од селото, од обете страни на асфалтниот пат се издигаат две импозантни могили високи околу 10 м. Могилата I е зачувана во целост, а Могилата II е значително оштетена со изградбата на патот, кога биле уништени многубројни гробови - цисти. Во профилот се гледаат камени плочи од гробните конструкции.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи