Ласана Кулибали (роден на 10 април 1996 година, во Бамако) — малиски фудбалер, играч од средниот ред на Лече и на репрезентацијата на Мали.
Технички одлики Кулибали е играч од средниот ред кој најчесто дејствува во улогата пред одбраната.
Клупска кариера Роден во Бамако, Мали, Кулибали е производ на младинската школа на францускиот клуб Бастија, со кој го имал своето деби како професионалец во првата француска лига во 2015 година, на 8 август против ; тој го заменил Франсоа Камано во судиското продолжение при победата на неговиот тим со 2-1. Две недели подоцна тој го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 3-0 против Генгамп. Тој потоа склучил тригодишен договор со клубот на 2 јуни 2016 година. Меѓутоа, откако Бастија испаднала од Лига 1 во сезоната 2016-2017, тој го напуштил клубот после 49 настапи за него.
На 5 јули 2017 година, тој бил купен од друг француски клуб, Анже за 2 милиони евра.
Откако не најде многу простор за игра во Анже, тој бил позајмен две години по ред: првата ја поминал во шкотскиот , каде забележал 30 настапи и постигнал 3 гола. Првиот гол го постигнал против Марибор во Лига Европа, а околу еден месец подоцна погодил и во првенствената победата со 4-0 над Данди. Наредната сезона ја поминал на заем во белгискиот Серкл Бриж.
По овие две години тој се вратил во Анже, каде ја одработил последната сезона од договорот, по што станал слободен агент во текот на летото 2021. На 31 јули 2021 година, тој се договорил со , приклучувајќи му се на овој италијански клуб како слободен играч потпишувајќи четиригодишен договор. На 22 август, за време на натпреварот од првото коло на Серија А 2021-2022, тој го направил своето деби за Салернитана во поразот со 3-2 на гостувањето кај .
Репрезентативна кариера Во август 2016 година, го добил својот прв повик од репрезентацијата на Мали за која го направил своето деби на 4 септември истата година во победата со 5-2 против .
Потоа, тој бил повикан за Африканскиот куп на нации во 2017, во 2019 и 2021 година.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 12 јануари 2022. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015-2016 Бастија Л1 15 1 КФ+ЛК 2+1 0 - - - - - - 18 1 2016-2017 Л1 30 0 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - - - 31 0Вкупно Бастија 45 1 2+2 0 - - - - 49 1 2017-2018 Анже Л1 19 1 КФ+ЛК 0+3 0 - - - - - - 22 1 2018-2019 Ренџерс ШПЛ 19 1 КШ+ЛКШ 1+1 1+0 ЛЕ 3Во квалификациските кола+6 1 - - - 30 4 2019-2020 Серкл Бриж ПЛ 16 0 КБ 1 0 - - - - - - 17 0 2020-2021 Анже Л1 29 1 КФ+ЛК 2+0 0 - - - - - - 31 1Вкупно Анже 48 2 2+3 0 - - - - 53 2 2021-2022 А 14 0 КИ 2 0 - - - - - - 16 0 Вкупно во кариерата 142 4 14 1 9 1 - - 165 6
Наводи
Надворешни врски
Ласана Кулибали на soccerway Ласана Кулибали на transfermarkt Ласана Кулибали на whoscored Ласана Кулибали на lequipe
Категорија:Фудбалери на ФК Бастија Категорија:Фудбалери на ФК Анже Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Серкл Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Салернитана Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Малиски фудбалери Категорија:Родени во 1996 година