Шумска нимфа (Limenitis camilla) — пеперутка од видот на пеперутки шаренци. Пепругата ја има во шумски предели во скоро цела Европа, па сè до Јапонија. Ја има и во Македонија.
Опис Возрасните единки имаат црни крилја со бели ленти. Контрастните бои помагаат да се разбие контурата на крилото, камуфлирајќи го од грабливци. Тие имаат распон на крилата од приближно 60–65 mm и имаат карактеристичен, елегантен лет кој се состои од кратки периоди на удари на крилата, проследени со долги лизгања.
Белиот адмирал се храни со цветови, а женката ги полагаат јајцата поединечно. Гасениците се зелени со црвено-кафени влакна и се камуфлирани на листот. Како што наближува есента формираат структура слична на шатор направена од листово ткиво познато како хибернакулум, кое потоа го прицврстува на стеблото со свила пред да хибернира. Гасеницата потоа ќе се разбуди следната пролет.
Ларвите се хранат со L. japonica, L. xylosteum, L. tatarica, L. maackii, L. gibbiflora и Weigela.
Подвидови Подвидови на пеперугата се:"Limenitis Fabricius, 1807" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life FormsL. c. camilla – Европа, КавказL. c. japonica'' Ménétriés, 1857 – Амур до Кина
Галерија
Наводи
Категорија:Шаренци Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј