Куќа на Митрески — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Историја мини|лево|200п|Куќата одблизу Куќата е сместена на улица „7-ми Ноември“ бр. 1, на самиот плоштад со Стариот чинар. Изградена е во 1912 година за Стојан Митрески од непознати градители во неокласичен стил, служејќи се со архитектонскиот проект на гимназијата „Св. Климент Охридски“ која се градела во исто време.
Архитектура Зградата има сутерен, приземје и кат. На приземјето и катот има станбени простории. Сутеренот е од камен, надворешните ѕидови на приземјето се камени, а внатрешните се од тула; на катот надворешните се од тула, а внатрешните се изведени од бондрук со цел да се намали напрегањето. Меѓукатната и покривната конструкција е дрвена. Градбата има нагласена симетрија, хармонично распоредени прозорски окна, пиластри со капители и друга орнаментика својствена за класичниот академизам. Над прозорците, особено на источната фасада, има украси во кремастокафена боја. Фасадата завршува со венец, а над вратата има украсен елемент од ковано железо.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Митрески Категорија:Појавено во 1912 година во Македонија