Јужна Англија е географска област во Англија која го зафаќа нејзиниот најјужен дел кој се одликува со културни, економски и политички разлики од Мидлендс и Северна Англија. Разликата помеѓу југот и остатокот од Англија и Велика Британија понекогаш се нарекува поделба на север и југ. Со вкупно население од речиси 28 милиони жители; и површина од 62042 квадратни километри, во Јужна Англија живее приближно 40% од населението од Обединетото Кралство и зафаќа приближно 25% од неговата површина.

Географија Јужна Англија се граничи со Велс, англискиот регион Мидлендс и преку море со Франција, Белгија и Холандија.

Лондон е најголемиот град во Јужна Англија и е главен град на Обединетото Кралство. Метрополитенската област Лондон има население од 14,2 милиони (2019), со што тој е најголемата метрополитенска област во Европа.

Демографски податоци

Јазик Јужна Англија има дијалект и акцент различен од другите делови на ОК. Поради важноста на Југот во медиумите и политиката, стандардниот британски англиски во голема мера се заснова на англискиот што се зборува во Јужна Англија. На пример, стандардниот британски изговор е многу сличен со говорот во Лондон, Оксфорд и Кембриџ.

Корнски Корнскиот јазик е оживеан јазик и е важен дел од идентитетот и културата на народот од Корнвол.

Административна поделби

Региони За економски и географски цели, Јужна Англија е поделена на четири подрегиони: Југозападна Англија, Југоисточна Англија, Голем Лондон и Источна Англија.

Церемонијални грофовии Во многу дефиниции, Јужна Англија вклучува многу окрузи на/близу Ламанш. Церемонијалните грофовии се: Западен:

Корнвол Девон Дорсет Сомерсет Глостершир Хемпшир Островот Вајт

Јужна:

Западен Сасекс Источен Сасекс Кент Беркшир Сари Голем Лондон

Источна:

Есекс Норфолк Сафолк

Поврзано

Уставен статус на Корнвол Региони на Англија Административна поделба на Англија

Наводи

Категорија:Региони во Англија Категорија:Јужна Англија