Зелената теорија ― теорија за меѓународни односи (МО). За разлика од главните теории за МО, таа ги поставува еколошките прашања како средишни за проучувањето на меѓународните односи. Според зелената теорија, главните теориите како неореализмот и неолиберализмот не успеваат да ги разберат еколошките проблеми преку нивните рационалистички и државно-центрични рамки на анализа. Зелената теорија се насочува на проучувањето на глобалната правда, меѓународниот развој, модернизацијата и безбедноста. Зелените перспективи во МО се појавиле во 1970-тите како одговор на зголемувањето на прекунационалните прашања поврзани со животната средина. До крајот на 20 век, зелената теорија се етаблирала во рамките на дисциплината. Зелената теорија се усогласува со постпозитивизмот кој произлегла од таканаречената трета (или четврта) дебата на МО. Теоријата може да се подели на крило насочено кон меѓународна политичка економија (МПЕ) и космополитско крило. Првично, крилото МПЕ, главно заинтересирано за режимите на животната средина, било посилно, но последователно многу космополитски теоретичари, како Дејвид Хелд, Ендру Линклејтер, Хенри Шу и Томас Пог, дале придонеси поврзани со прашања заживотната средина.
Поврзано
Глобално затоплување „Анархија што доаѓа“ Теорија за критични меѓународни односи Екофеминизам Екоцентризам Залена политика „Границите на растот“ Одржлив развој Трагедија на општите добра
Наводи
Цитирани дела
Дополнителна литература
Категорија:Безбедносни студии Категорија:Заштита на животната средина Категорија:Теорија за меѓународни односи Категорија:Природозаштита