Вилхелм I (германски: Wilhelm I, Kurfürst von Hessen; 3 јуни 1743 – 27 февруари 1821) — најстариот преживеан син на Фридрих II, Ландграв од Хесен-Касел и принцезата Марија од Велика Британија, ќерка на Џорџ II.

Неколку други изборни кнезови на Светото Римско Царство биле признати за кралеви на Конгресот во Виена (1815), а Вилхелм се обидел да им се придружи со тоа што се прогласил за крал на Хатите. Меѓутоа, европските сили одбиле да ја признаат оваа титула на Конгресот во Екс-ла-Шапел (1818) и наместо тоа му ја дале титулата Голем Војвода. Сметајќи дека титулата принц-изборник е супериорна по достоинство од онаа на Големиот Војвода, Вилхелм избрал да остане електор, иако веќе непостоело Царството. Хесен-Касел ќе остане електорат додека не биде припоен од Прусија во 1866 година.

Категорија:Родени во 1743 година Категорија:Починати во 1821 година Категорија:Ландграви од Хесен-Касел Категорија:Ландграви од Хесен Категорија:Изборни кнезови на Хесен Категорија:Изборни кнезови Категорија:Витези на Подвеската