Света Марина () — црква во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Црквата е сместена во јужниот дел на врвот Флацата (1.081 м), близу границата со Албанија, североисточно над селото Крчишта и меѓу селата Ошени на југ и Косинец на север.
Историја Храмот е подигнат во чест на победата на грчката владина армија над патизаните на ДАГ во решителната Битка на Грамошта (Грамос) во август 1949 г. со која е ставен крај на Грчката граѓанска војна. Во последната фаза на војната, Флацата била упориште владините единици.
Црквата е изградена во 1949 г. и првично го носела името „Пресвета Богородица“. Подигната е од војници од 4. чета на 565. баталјон, кои во тоа време биле во одбрана на Флацата. Осветена е на 30 септември 1949 г. од митрополитот Никифор Костурски.
Храмот е обновен во 1970 г. и преименуван во „Света Марина“ од заповедникот на XV дивизија Апостолос Бунотис. Црквата има независна камбанарија, и до неа има бетонски бункер од војната.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Марина, Флацата Марина, Флацата Категорија:Појавено во 1949 година Категорија:Грчка граѓанска војна