Сите Светители () — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е мал храм на брегот на реката Арапица под месноста Жертвено Место. Граден е од 1974 до 1977 г. во стар стил. Градбата претставува базилика со купола и зафаќа површина од околу 100 м2. Проектот е дело на архитектот Танасис Фотиадис, а внатрешноста ја живописал Манолис Параскевас. Иконостасот е дрвен и позлатен. Надвор од храмот има лековит извор.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Сите Светители Сите Светители, Негуш Категорија:Појавено во 1977 година