Свети Ѓорѓи () — црква во селото Дреново, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1842 г. Реновирана е во 1911 г., за што сведочи натписот под прозорецот на јужниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со димензии 16,90 × 11,20 м. Има женска црква на запад и трем, кој на југ стасува до влезот. Камбанаријата е од западната страна на храмот, точно до влезот. На вградена плоча се запишани градителот на камбанаријата и годината на изградба: διά χειρός Λάσκου 1890 (Од рацете на Ласко 1890).
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Дреново Ѓорѓи, Дреново Категорија:Појавено во 1842 година