Свети Дванаесет Апостоли () — црква во градот Драма, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Црквата се наоѓа во источниот дел на градот.

Историја На местото на црквата имало џамија. По доселувањето на Грците од Турција во 1923 г. во неа се чувале светите предмети (икони, садови и др.) донесени од црквата „Св. Апостоли“ во Одрин. Подоцна џамијата е срушена и во 1972 г. митрополитот Дионисиј Драмски поставил камен-темелник на црква. На 18 декември 1977 г. храмот е отворен од истиот митрополит. Голем дел од инвентарот на храмот како амвонот, владичкиот престол, стари икони, резбани предмети и др. денес се чува во Драмскиот црковен музеј.

Поврзано Драмска епархија

Наводи

Апостоли Апостоли, Драма Категорија:Појавено во 1977 година