Анксиозните растројства или тревожни растројства се група душевни растројства што се одликуваат со значајни и неконтролирани чувства на беспокојство и страв при што социјалното, професионалното и личното функционирање на личноста се значително нарушени. Беспокојството може да предизвика физички и когнитивни симптоми, како што се немир, раздразливост, лесен замор, тешкотии со концентрирање, зголемен пулс, болка во градите, абдоминална болка и различни други симптоми кои може да варираат во зависност од личноста

Во секојдневен говор, зборовите беспокојство и страв често се користат наизменично. Во клиничката употреба, тие имаат различни значења: беспокојството е определено како непријатна емоционална состојба за која причината или не е лесно утврдена или се смета дека е неконтролирана, додека стравот е емоционален и физиолошки одговор на препознаена надворешна закана. Терминот анксиозно растројство се однесува на голем број конкретни нарушувања што вклучуваат стравови (фобии) или симптоми на беспокојство.

Постојат неколку видови тревожни нарушувања, вклучувајќи ги генерализирано тревожно растројство, специфична фобија, социјално анксиозно растројство, растројство на беспокојство на одвојување, агорафобија, панично растројство и селективен мутизам. Ако на некое лице му е дијагностицирано тревожно растројство, психијатарот или психологот мора прво добро да го процени лицето за да се осигура дека беспокојството не може да се припише на друга медицинска болест или душевно растројство. Можно е поединецот да има повеќе од едно тревожно растројство во текот на својот живот или во исто време. За лицата со беспокојство, постојат бројни лекувања што можат да го подобрат нивното расположение, однесување и способност да функционираат во секојдневниот живот.

Под-типови мини|Израз на лице на личност која страда од хронична анксиозност

Генерализирано анксиозно растројство Генерализирано анскиозно растројство (ГАР) е најчесто тревожно нарушување, кое се одликува со долготрајна анксиозност која не е фокусирана на ниту еден предмет или ситуација. Лицата кои страдаат од генерализирано анксиозно растројство доживуваат постојан страв и загриженост и стануваат претерано загрижени за секојдневните работи. Генерализираното анксиозно растројство „се одликува со хронична прекумерна грижа придружена со три или повеќе од следниве симптоми: немир, замор, проблеми со концентрацијата, раздразливост, мускулна напнатост и нарушување на спиењето“.Schacter, D. L., Gilbert, D. T., & Wegner, D.M. (2011). Генерализираното анксиозно растројство е и најчестото тревожно растројство кое ги погодува постарите возрасни лица. Дијагнозата на ГАР се поставува кога ќе се утврди дека лицето е претерано загрижено за некој настан,личност или проблем шест месеци или повеќе. Оваа загриженост може да се однесува на семејниот живот, работата, социјалниот живот или за сопственото здравје.Симптомите може да бидат напнатост, со зголемено потење од рацете, стапалата и пазувите, а често може личност и да биде тажна и нерасположена, што може да сугерира дека личноста страда и од депресија.Psychiatry, Michael Gelder, Richard Mayou, John Geddes 3rd ed. Овие две дијагнози депресија и анксиозност многу често се појавуваат заедно и се испреплетуваат, и на тој начин се добива една дијагноза анксиозно-депресивно нарушување.Пред да се постави дијагнозата на анксиозно растројство, лекарите мора да ја исклучат анксиозноста предизвикана од лекови и други медицински причини.Varcarolis.

Кај децата, симптоми на ГАР најчесто се главоболки, немир, абдоминална болка и срцеви палпитации. Обично се појавува на возраст од 8 до 9 години.

Конкретни фобии Најголема категорија на тревожни нарушувања е онаа на конкретните фобии, која ги вклучува сите случаи во кои стравот и анксиозноста се предизвикани од специфичен предмет или ситуација. Помеѓу 5 % и 12 % од населението ширум светот имаат специфични фобии. Според Националниот институт за ментално здравје, фобија е интензивен страв или аверзија кон одредени предмети или ситуации. Поединците со фобија обично имаат преголем страв од средбата со предметот на нивниот страв, што може да биде што било од животно до локација, до одредена ситуација. Вообичаени фобии се летање, крв, вода, возење по автопат и тунели. Кога луѓето се изложени на нивната фобија, тие може да доживеат треперење, отежнато дишење или забрзано чукање на срцето. Така, луѓето со специфични фобии често се трудат да избегнат да се сретнат со нивната фобија. Луѓето разбираат дека нивниот страв не е пропорционален на реалната потенцијална опасност, но сепак се обземени од него.Psychology.

Панично растројство Лилноста која страда од панично растројство, има кратки напади на интензивен ужас и страв, често проследени со треперење, тресење, конфузија, вртоглавица, гадење и/или отежнато дишење. Овие напади на паника, дефинирани како страв или непријатност што нагло се појавуваат и достигнуваат врв за помалку од десет минути, може да траат неколку часа. Нападите можат да бидат поттикнати од стрес, ирационални мисли, општ страв или страв од непознатото. Сепак, понекогаш зошто се појавува овој напад е нејасно и настанува без никакво предупредување. За една личност да спречи повторно да има паничен напад може да избегнува одредени места, луѓе, типови на однесувања или одредени ситуации.

Покрај повторливите неочекувани напади на паника, дијагнозата на панично растројство бара споменатите напади да имаат хронични последици: или грижа за потенцијалните импликации на нападите, постојан страв од идни напади или значителни промени во однесувањето поврзани со нападите. Како такви, оние со панично растројство доживуваат симптоми дури и надвор од специфичните епизоди на паника. Често, овие личности забележуваат нормални промени во отчукувањата на срцето, што ги наведува да мислат дека нешто не е во ред со нивното срце или дека ќе добијат нов напад на паника. Во некои случаи, зголемена свест (хипервнимателност) за функционирањето на телото се јавува за време на напади на паника, каде што секоја согледана физиолошка промена се толкува како можна опасна по живот болест (т.е. екстремна хипохондријаза).

Агорафобија Агорафобијата е специфична вознемиреност дека личноста се наоѓа на одредено место или се случува ситуација каде што бегството е тешко или срамно или каде што помошта може да биде недостапна. Агорафобијата е силно поврзана со паничното растројство и често е предизвикана од стравот од напад на паника. Вообичаена манифестација вклучува потреба постојано да се гледа на врата или друг начин за бегство. Покрај самите стравови, терминот агорафобија често се користи за одредено избегнување кое поединците често го развиваат. На пример, по напад на паника додека вози автомобил, личноста со агорафобија може да развие анксиозност од самиот чин на возење и затоа во иднина да избегнува да вози и да влегува во автомобил. Во тежок случај на агорафобија, личноста може да се плаши да го напушти својот дом.

Социјално анксиозно растројство Социјалното анксиозно растројство (САР исто така познато како социјална фобија) претставува интензивен страв од јавен срам или понижување при социјална интеракција. Овој страв може да биде специфичен за одредени социјални ситуации (како што е јавно говорење) или, потипично, се доживува во повеќето (или сите) социјални интеракции. Приближно 7% од возрасните Американци имаат социјално анксиозно растројство, а повеќе од 75% од луѓето ги доживуваат своите први симптоми во детството или раните тинејџерски години. Социјалната анксиозност често манифестира специфични физички симптоми, вклучувајќи црвенило, потење, забрзан пулс и тешкотии во говорот. Како и со сите фобични нарушувања, оние со социјална анксиозност често ќе се обидат да го избегнат изворот на нивната анксиозност; во случај на социјална анксиозност ова е особено проблематично, а во тешки случаи може да доведе до целосна социјална изолација.

Посттрауматско стресно нарушување Посттрауматско стресно растројство (ПТСР) во минатото се сметаше за анксиозно растројство (сега е преместено во нарушувања поврзани со траума и стрес во DSM-V) што произлегува од трауматско искуство. Со ПТСР се соочуваат приближно 3,5% од возрасните во САД секоја година, а се проценува дека на еден од единаесет луѓе ќе му биде дијагностициран ПТСР во текот на нивниот живот. Посттрауматскиот стрес може да произлезе од екстремна ситуација, како што е војна, природна катастрофа, силување, заложништво, злоупотреба на деца, малтретирање или дури и сериозна несреќа. Тоа може да произлезе и од долготрајна (хронична) изложеност на силен стрес- на пример, војници кои биле во војна и биле изложени на постојани убиства и стресни ситуации. Вообичаени симптоми се хипервнимателност, анксиозност, лутина и депресија. Покрај тоа, најчесто е проследено и со нарушувања на спиењето. Луѓето кои имаат ПТСР често се одвојуваат од своите пријатели и семејството и имаат потешкотии да ги одржуваат и зачуваат овие блиски односи. Постојат голем број третмани кои ја формираат основата на планот за лекување за лицата кои страдаат од ПТСР. Таквите третмани вклучуваат когнитивна бихејвиорална терапија (КБТ), терапија со продолжена изложеност, терапија за инокулација на стрес, лекови и психотерапија и поддршка од семејството и пријателите.

Истражувањата за посттрауматско стресно нарушување (ПТСР) започнале со ветерани од војната во Виетнам, како и жртви од природни и неприродни катастрофи. Студиите откриле дека степенот на изложеност на катастрофа е најдобар предиктор за ПТСР.

Анксиозно растројство на одвојување Пореметување на беспокојство на одвојување (SepAD) е чувство на прекумерно и несоодветно ниво на анксиозност поради одвојувањето од личност или место. Анксиозноста од разделување е нормален дел од развојот кај бебињата или децата, и само кога ова чувство е преголемо или несоодветно може да се смета за нарушување.Siegler, Robert (2006). Нарушувањето на анксиозноста на одвојување погодува приближно 7% од возрасните и 4% од децата, но случаите кај децата имаат тенденција да бидат потешки; во некои случаи, дури и краткото разделување може да предизвика паника.

Опсесивно компулсивно нарушување Опсесивно-компулсивно растројство (OCD) не е класифицирано како анксиозно растројство од DSM-5, но е според ICD-10 . Претходно било класифицирано како анксиозно растројство во DSM-IV. Тоа е состојба кога личноста има опсесии (вознемирувачки, упорни и наметливи мисли или слики) и компулсии (нагон за постојано извршување на одредени дејствија или ритуали), кои не се предизвикани од дрога или физичко нарушување и кои предизвикуваат вознемиреност или социјална дисфункција . Компулсивните ритуали се лични правила кои ги следи личноста за да се ослободи од чувството на непријатност. OКР влијае на околу 1-⁠2% од возрасните (нешто повеќе жени отколку мажи) и под 3% од децата и адолесцентите.

Лицето кое страда од OКР знае дека ритуалите кои ги прави се неразумни и се бори постојано против своите мисли и своето однесување.

Не е јасно зошто се појавува OКР, но може да бидат вклучени бихејвиорални, когнитивни, генетски и невробиолошки фактори. Фактори на ризик вклучуваат семејна историја, немањето партнер (иако тоа може да биде резултат на нарушувањето) и припаѓањето на повисока социоекономска класа или вршењето на неплатена работа. Од оние кои страдаат од OКР, околу 20% ќе го надминат, а симптомите барем ќе се намалат со текот на времето кај повеќето (дополнителни 50%).

Селективен мутизам Селективниот мутизам (СМ) е нарушување во кое личноста која вообичаено е способна за говор не зборува во конкретни ситуации или со одредени луѓе. Селективниот мутизам обично коегзистира со срамежливоста или социјалната анксиозност . Луѓето со селективен мутизам молчат дури и кога последиците од нивното молчење се срам, социјален острацизам или дури и казна. Селективниот мутизам влијае на околу 0,8% од луѓето во одреден период од нивниот живот.

Дијагноза