Света Варвара () — црква во градот Драма, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е сместена близу изворите на Драматица. Според месното предание, на ова место имало црква посветена на Света Варвара. Во 1830 г. црквата була срушена од Османлиите, за на нејзино место да се подигне џамија. Меѓутоа ноќта езерото се прелеало и го поплавило местото, осуетувајќи ја изградбата на џамија. Во 1920 г. на ова место е изградена сегашната црква.

Поврзано Драмска епархија

Наводи

Надворешни врски

Варвара Варвара, Драма Категорија:Појавено во 1920 година