мини|Запис за платена џизија од жителите на село Чокманово, Бугарија во 1615 година Џизија Војна енциклопедија, Белград, 1971, књига друга, pp. 602. () — данок што го плаќало немуслиманското население во Отоманското Царство. Џизија бил данок што го плаќале еднаш годишно, во замена за невршење воени должности. Плаќањето можело да се врши во готово или во натура, а децата, жените, старците и физички или психички неспособните лица биле ослободени од џизија.

Собирачите на џизија се нарекувале џизједари и биле назначувани од везирот. Во 1855 година бил донесен закон со кој тој вид на обврска се заменил со плаќање на воен данок, но сепак се наплатувала. Дури во 1908 година, по Младотурската револуција, воената обврска во Турција била проширена на христијаните и престанала наплатата на џизија.

Поврзано Дервенџија Каурин Раја Милет

Наводи

Категорија:Турцизми Категорија:Оданочување Категорија:Војска на Отоманското Царство Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ