Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Боштани, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот претставува трикорабна базилика од XIX век со порани фази од XVII – XVIII век. Трите кораби се поделени со низи дрвени округли столбови. На севернаиот ѕид на наосот и североисточниот на жртвеникот се зачувани фрески од три периоди — од втората половина на XVII, од средината на XVIII и од крајот на ΧΙΧ век. Во храмот се собрани разни антички артефакти — фрагменти од парапети и капители. Антички архитектонски елементи се вградени и во ѕидаријата — во југоисточниот агол има фрагмент од столб, а во апсидата е вграден еден јонски капител од IV век.
Црквата е прогласена за историски споменик на 8 август 2001 г.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Богородица Успение, Боштани Богородица Успение, Боштани Категорија:Споменици на културата во Бер (општина)