Свети Ѓорѓи Граматиков () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијат ана „Сретение Господово“.

Црквата е изградена на почетокот на XIV век. Нејзината архитектура претрпела неколку промени помеѓу XVI и XVII век. Денес храмот претставува трикорабна базилика со дрвен покрив. Ова е една од најважните цркви во градот поради обилно украсената внатрешност — живописот датира од 1380 г. па сè до почетокот на XVIII век. На јужниот ѕид се наоѓа впечатливата сцена „Окованиот Христос со монаси“.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Ѓорѓи Граматиков Ѓорѓи Граматиков, Бер