Андромеда XIX ― прудружна галаксија на галаксијата Андромеда (М31), членка на Месната Група, воедно и галаксијата Млечен Пат. Андромеда XIX се смета за „најпроширената џуџеста галаксија позната во Месната Група“, и се покажало дека има полусветлински полупречник од 1,7 килопарсеци. Откриена била од телескопот Канада-Франција-Хаваи и се смета дека е џуџеста галаксија.

Историја Надзорот извршен за време на употребата на MegaPrime/MegaCam 1 deg2 (камера) на телескопот Канада-Франција-Хаваи (CFHT) го картографирал ѕвездениот ореол на галаксијата Андромеда (една четвртина) до ~150 kpc. Истражувањето, кое ја потврдило згрченоста на ѕвездениот ореол на Андромеда, покажало постоење на повеќе други џуџести галаксии. Тие се: Андромеда XI, XII, XIII, XV, XVI, XVIII, XIX и XX.

Поврзано

Список на придружни галаксии на Андромеда

Наводи

Категорија:LEDA-објекти Категорија:Заемоделувачки галаксии Категорија:Џуџести галаксии Категорија:Андромеда (соѕвездие) Категорија:Андромедска Подгрупа