Вангел Бабинкостов (познат и како Вангел Ристов Бабинкостов; р. во Герман, Леринско) — македонски математичар и универзитетски професор од 1998 година.

Животопис

Дипломирал во 1962 година во Самарканд, Узбекистан. Магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Белград во 1974 година, а докторирал во 1992 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со темата „Прилог кон нумеричкото решавање на диференцијалните равенки“ и објавил научни трудови од таа област. Станал редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1998 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Герман (Леринско) Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски математичари Категорија:Југословенски математичари Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје