Слободанка Георгиевска (моминско: Стојанова; р. во Скопје) — македонска математичарка и универзитетска професорка од 1998 година.

Животопис

Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1966 година, магистрирала исто така на ПМФ во Скопје во 1976 година, а докторирала во 1992 година на ПМФ со темата „Дветочкини контурни проблеми при обичните диференцијални равенки“. Објавила научни трудови во областа на диференцијалните равенки. Била соавтор на неколку учебници за студенти и била продекан на Математичкиот факултет (1982-1984) и на Градежниот факултет (1997-1999). Во 1998 година, таа станала редовен професор на Градежниот факултет.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски математичари Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски математичари Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Градежниот факултет - Скопје