Миља (Балцес или Какоплеври; ( или Μπάλτσες или Μπάλτσες) — планина во системот на Пинд, на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир, Грција.

Опис Планината е дел од венецот Северен Пинд. На запад се двои од венецот Мавровуни со превојот Салатура Миљас (1.730 м), кој е јужниот излез на Ваља Калда и потокот Салатура. На север е одделен од комплексот Пиростија со превој (1.640 м), од каде започнува потокот Кира Кали кој се влева во реката Венетик на исток. Миља е месното име, а Какоплеври е официјалното.

Карпите се сочинети од офиолити и флиш.

Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ од 1966 г., како и од Националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и е прогласена за место од орнитолошка важност (068).

До врвот се стасува од селото Миља (1.170 м) за околу 4 часа. Европската големодалечинска патека Е6 која оди Мечово - Миља, врви низ Ваља Калда и продолжува за Војуша - Брјаза - Самарина - Жужел. Од Ваља Калда има расклон на патеката кој води за Периволи, Авдела, планинарскиот дом Василица, Самарина и Жужел.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Миља Κακοπλεύρι, Τριγ. Σαλατούρα, Μηλέα, Μηλιά 2.159 Вромопигадо Βρομοπήγαδο 1.976 - 1.820 Косај, Курсари Κουρσάροι, Κοσσάϊ 1.116 Ливади Λιβάδι 2.071 Салатура Папајани, Кордалес Σαλατούρα Παπαγιάννη, Κορδάλες 1.860 - 1.640 Симандро, Латуака Σήμαντρο, Λατουάκα 1.720 Скопја Чука Σκοπιά Τόσκα 1.960 Супотико Рахи Σουποτίκο Ράχη 1.520 - 1.260 Турла Милани, Милини Τούρλα Μιλάνη (ή Μιλίνι 1.533

Поврзано Пинд

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Епир Категорија:Пинд Категорија:Гребен (општина) Категорија:Мечово (општина)