Ангиографија или артериографија (од - „сад-крвен сад“ и - „напише или запише“) — инвазивен дијагностички метод за испитување на внатрешноста, или луменот, на крвните садови на човечкото тело, со посебен интерес за артериите, вените и коморите на срцето. Се изведува со инјектирање на радионепроѕирно хидрорастворливо (растворливо во течности) контрастно средство, преку многубројни специјални катетери направени за таа цел, кои се внесуваат во крвниот сад, а потоа трајно се сликаат крвните садови (просветлување - со зраци ), со рендгенска техника (флуороскопија) на 35 mm кино-филм или дигитално. Записот (на филм или слика на мониторот на флуроскоп) на крвните садови се нарекува ангиограм. Преземено;15 октомври 2009
За разлика од ангиопластиката, која користи инвазивна ангиографска процедура (вметнување катетер преку кој се вбризгува контрастно средство), ангиографијата може да се изведе со само вметнување игла за инјектирање контрастно средство без катетер и позиционирање под флуороскопска контрола. Оваа техника се користи за сликање на артериите во мозокот, срцето, бубрезите, гастроинтестиналниот тракт, аортата, вратот, градите, екстремитетите и белите дробови.Robert J. Feezor, James M. Seeger, Angiography Endovascular Surgery (Fourth Edition), 2011.
Иако терминот ангиографија е строго дефиниран врз основа на проекционата радиографија, овој израз се применува и на поновите техники на васкуларна слика; Компјутеризирана томографска ангиографија и магнетна резонантна ангиографија.
Историја Ангиографската техника за прв пат била употребена во 1927 година од страна на португалскиот лекар и невролог Антонио Мониз со цел да се изврши церебрална ангиографија со воведување контрастно средство во крвните садови со помош на рендген за да се дијагностицираат неколку видови нервни заболувања, како што се тумори, коронарна артериска болест и други малформации на артериите и вените. Денес, Антонио Мониз е признат како еден од пионерите во оваа област, кој во 1949 година ја доби Нобеловата награда за физиологија и медицина за неговиот придонес во медицината. 1949, Посетено на 15. 10. 2009
Со воведувањето на Селдингеровиот метод за подготовка на крвни садови во 1953 година, ангиографијата станала многу посигурна и побезбедна процедура за многу пациенти. Селдингеровите катетри, кои се воведуваат во крвниот сад, обезбедуваат поголема удобност и на лекарот што го врши снимањето и на пациентот, предизвикувајќи помало оштетување на ѕидот на крвните садови и на кожата.
Цел мини|десно|250п|CT ангиографија на абдоминалната аорта и крвните садови на долните екстремитети Цел на ангиографијата е да се одреди анатомијата и степенот на опструкција на луменот на артериите. Информациите добиени со ангиографија вклучуваат определување на локализацијата, должината и пречникот на артериите, присуството и тежината на зачепување на луменот; како и проценка на квалитетот на протокот на крв. Ангиографијата јасно може да го „слика“ видот на лезијата (атером, тромбоза, дисекција, спазам (спазам) или миокарден мост - срце итн.), како и присуството и степенот на колатерални крвни садови.
Ангиографијата моментално е единствениот метод со кој може точно да се одреди степенот на интралуминална опструкција (стеснување или зачепување) на крвните садови. Таа ги покажува патолошките промени во луменот на крвниот сад, а не укажува на етиологијата на болеста или на неопструктивни атеросклеротични лезии. Ангиографијата претставува златен стандард со кој најчесто се споредуваат сите други методи;
. . . „Клиничкиот ризик е мал, а методот е релативно скап, така што кардиолог, васкуларен хирург или доктор од друга специјалност треба внимателно да ја процени врската помеѓу клиничката корист и ризикот од една страна, и трошоците за процедурата, пред да го наведе методот“.
Ангиографијата има три главни цели во дијагнозата на болестите на крвните садови;
Утврдување на природата на болеста на крвните садови и нејзиниот степен, кога дијагнозата е нејасна и не може да се исклучи со неинвазивно тестирање. Одредување на најсоодветен и потенцијално успешен метод на лекување (лекови, перкутана интервентна или хируршка реваскуларизација). Следење на ефектите од третманот врз појавата на рестеноза |тромбоза и прогресија или регресија на атеросклероза.
Техника на ангиографија За да се изврши селективно снимање на крвните садови, контрастното средство се поставува на одредена локација преку бројни специјални катетери направени за оваа намена. За поставување на специјални катетери во крвните садови, како пристапен пат, се користи перкутана техника или техника на подготовка на артерии, обично феморалната (бутната) или брахијалната (надлактната) артерија. Коронарната (срцева) ангиографија бара селективно поставување на катетери во устието на левата и десната коронарна артерија, како и/или во устието на венските и артериските графтови, со цел да се добие оптимален квалитет на сликата.
Лекарите кои ги вршат овие интервенции мора да бидат технички обучени за сите аспекти на процедурата, од познавање на клиничките индикации и ризици од процедурата, до коронарна анатомија, физиологија и патологија. Исто така, важно е да ги знаат основните начела на оптимална радиографска дијагностика и радијациона заштита. Коронарната ангиографија обично се изведува како дел од катетеризација на срцето, која може да вклучува и ангиографија на други крвни садови или срцеви шуплини и хемодинамска проценка, која е неопходна за целосна инвазивна проценка на кардиоваскуларен пациент Cardiac catheterization, na Angioplasty.org.
35п Филм: Коронарна ангиографија </div>
Видови Во зависност од опремата што се користи за време на ангиографијата, постојат следниве видови на ангиографија:
Класична ангиографија - ангиографија со катетер Компјутеризирана томографска ангиографија Магнетна резонантна ангиографија
Пристап до крвниот сад Во зависност од видот на ангиографијата, до крвниот сад најчесто се пристапува преку:
Бутната (феморална) артерија, за прегледи на левата страна на срцето и преглед на артерискиот систем. Југуларна или бутна вена, за преглед на десната страна на срцето и венскиот систем. Радијален пристап во пределот на долната третина од подлактицата Брахијален пристап во пределот на лактот
Селдингерова техника на катетеризација на крвен сад Со користење на систем од жици - водичи и катетери, контрастно средство (што покажува способност за апсорпција на рендгенски зраци) се вбризгува во крвните садови и крвта, што обезбедува крвните садови да станат „видливи“ на рендгенската снимка. Селдингеровата техника на катетеризација на крвен сад се изведува на следниов начин:
Со игла се пунктира бутната артерија или вена во регионот на препоните по локална анестезија. Потоа преку иглата се внесува специјална флексибилна жица во крвниот сад, која се поставува сè до соодветниот крвен сад. Иглата потоа се извлекува од крвниот сад преку жицата, која останува во крвниот сад. Местото на инјектирање се проширува со помош на краток катетер - дилататор, кој се внесува во крвниот сад преку жицата. Ако се набљудуваат крвните садови на ногата, жицата се извлекува и се вбризгува контрастно средство преку дилататорот. Движењето на контрастното средство се следи на мониторот и сериски се снима. Доколку е потребно да се покажат подалечни крвни садови, по проширувањето на местото на инјектирање, се извлекува дилататорот и преку жица се вметнува специјален флексибилен катетер во крвниот сад. Катетерот се внесува во соодветниот крвен сад и жицата се извлекува. Потоа се вбризгува контрастно средство преку катетерот, а прикажаните крвни садови се набљудуваат на мониторот и сериски се снимаат. По прегледот, жицата и катетерот се извлекуваат од крвниот сад, а радиологот десет минути го притиска местото на инјектирање со прстите.
Прегледот е безболен и пациентите добро го поднесуваат, а во зависност од видот на прегледот и состојбата на крвните садови потребни се од 15 минути до 1 час. Изложеноста на зрачење трае најмногу неколку минути. Радиолог и медицински техничар се секогаш со пациентот, а по потреба се ангажира и анестезиолог.
Документирање на наодите За документирање на наодите се применува следново:
сериографија - преземање на голем број рендгенски снимки за кратко време, или дигитална суптракциона ангиографија - која со помош на компјутер ги снима наодите од рендген на оптички диск (ЦД) Преземено;10.2009
Дигиталната суптракциона ангиографија е многу подобар метод бидејќи овозможува снимање на крвните садови по инјектирање значително помала количина на контрастно средство отколку со класичната ангиографија, благодарение на компјутерската програма. Оваа ангиографија е означена и како суптрактивна бидејќи компјутерската програма ја покажува само сликата на крвните садови, додека другите структури, на пр. коските можат да се „избришат“.
Подготовка на пациентот Подготовката на пациентот за ангиографија ги опфаќа следните постапки:
Две недели пред ангиографијата, се препорачува пациентите да престанат да користат алкохол. Еден до два дена пред снимањето, се врши тест за толеранција на пациентот за контрастно средство и потребните биохемиски анализи на крвта за да се процени функцијата на бубрезите и се одредува времето на згрутчување на крвта. За да се заштити бубрегот од големо количество на јод од контрастното средство и да се обезбеди негово брзо исфрлање од телото, се применува внесување на голема количина течност пред снимањето. Со цел да се намали ризикот од алергиска реакција на контрастното средство, по потреба се применуваат антиалергиски лекови. Не треба да се консумира храна или вода четири часа пред ангиограмот. 30 минути пред прегледот се врши премедикација со: антихистаминици (превенција од алергиски реакции), седативи, аналгетици итн. Пред снимањето, пациентот отстранува накит и метални предмети, бидејќи тие можат да го попречат поминувањето на рендгенските зраци.
По ангиографија, неопходно е да се внесе голема количина течност - за да се забрза елиминацијата на јодот и другите компоненти на контрастното средство од телото.
Пред снимање, се добива писмена согласност од пациентот за ангиографија.
Несакани ефекти
Дозата на зрачење на која е изложен пациентот за време на овој преглед зависи од времетраењето на прегледот и видот на прегледот и е неколку пати поголема отколку при стандардното снимање на рендген. Мачнина Вртоглавица која се јавува поради продолжено лежење за време на прегледот (ортостатска хипотензија) Нагон за повраќање може да се појави една до две минути по инјектирањето на контрастот, но исчезнува по неколку секунди. Јадеж Алергиски реакции со различен интензитет до анафилактичен шок. Бронхоспазам (стеснување на луменот на дишните патишта предизвикано од нивниот спазам), што предизвикува тешкотии во дишењето. Во случај на бременост, кога се користи флуоресцеин како контрастно средство, тој се излачува преку мајчиното млеко. Затоа, на мајките им се препорачува да престанат со доењето 2 дена по ангиографијата). Интервентната радиолошка процедура (која вклучува ангиографија) носи и одредени специфични ризици кои повремено се појавуваат и може да предизвикаат локални постинтервенциски компликации, од кои најважни се ретроперитонеален хематом, локален хематом на местото на инјектирање, оток на екстремитетите, периферна тромбоза, инфекција, трајни повреди на нерви, пукање или затнување на крвните садови
Постапка по ангиографија По извршената ангиографија, пациентот е под надзор на лекарскиот тим околу 6 часа. За тоа време, пациентот треба да го држи екстремитетот во мирување некое време за да се минимизира крвавењето од пункцијата. Исто така, субјектот треба да пие многу течности за да спречи дехидратација и да го уринира контрастното средство што е можно поскоро преку бубрезите. Откако ќе престане крвавењето од местото на инјектирање (под услов сите витални знаци да се нормални), лекарот ќе му дозволи на пациентот да си оди дома.