Билјана Станковска (, ) — македонска поетеса, раскажувач, писател за деца. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово. Член на ДПМ од 1994 година. Нејзината поезија и раскази се застапени во повеќе антологии. Преведена е на англиски, француски, кинески, српски, словенечки, бугарски и украински јазик.

Книжевно творештво Билјана Станковска е автор на поетските книги: Ограничен простор, 1986 Светлооко небо, 1990 Миг за пресоздавање, 1995 Светлиот пат, 1996 Сказни и сторенија за поколенија, 1999 Реставрација на светлината, 2009 Како и следните раскази, драми и романи: Заробен сон, раскази, 1993 Стрес или погрешна нота; тв драма, 1994 Разговорливи ветрови, роман, 2001 Лето значајно како изгрев, роман за деца, 1999 Мед и ѕвезди, драмска трилогија, 2006 Замисли желба, роман, 2008 Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните, роман за деца, 2011 Сега сè е поинаку, збирка раскази, 2014 Кога ветровите стивнуваат, роман, 2015 Кој ги краде соништата, роман за деца, 2016 Плетачката на тантели, роман, 2021 Детелинки белинки, збирка современи бајки, 2022. Во збирката е застапена со бајката „Авантурите на едно мракче“

Награди

„Даница Ручигај“ - најдобра поетска збирка за 2020 година „Ванчо Николески“ - најдобра детска книга за 2011 година за романот „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ (кој е и дел од лектирната литература во основното образование) Награда за ТВ драма на конкурсот на МТВ за „Стрес или погрешна нота";1994 година

Наводи

Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски писателки Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски сценаристи