Мито Спасевски (, ) — македонски поет, професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Животопис Мито Спасевски е роден 1952 година во селото Мраморец, област Дебарца, Охридско. Доктор е по филолошки науки од областа на книжевноста. Тој бил редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и предавал предмети од областа на книжевноста, јазикот и говорот. Автор е на дваесетина научни и стручни дела од областа на книжевноста и јазикот („Фолклорни и книжевни огледи за литературата за деца“, „Аналитички студии и опсервации на литературата за деца“, „Литература за деца“, „Воспитно-образовни аспекти по култура на говор“, „Методика на воспитно-образовната работа по култура на говор“, „Книжевни проследби и студии“ и др.). Автор е на повеќе од стотина научни трудови и проекти од областа на книжевноста, говорот и јазикот, претставувани на меѓународни и домашни научни собири. Тој е еден од основачите, а бил и потпретседател на Балканската асоцијација на педагошки факултети. Бил меѓународен рецензент од областа на книжевноста и културата на говорот. Тој станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1990 година. Книжевно творештво Мито Спасевски е автор на поетските книги: Усвитена постела, 1984 Чемерни синори, 1991 Небесна утока, 1995 Крепости Врутоци
Наводи
Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје Категорија:Членови на ДПМ