Леандро Даниел Паредес (роден на 29 јуни 1994, во Сан Хусто) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на и на аргентинската репрезентација.
Технички одлики Природен деснак, вешт во игра на мал простор, знае како да се справи со финти и двојни додавања (инспириран е од Хуан Роман Рикелме и Зинедин Зидан); тој е добар и во одземање на топки, понатаму поседува одлична контрола над топката и е умешен во давањето асистенции за своите соиграчи или во завршувањето на акциите. Паредес израснал играјќи како офанзивен играч за врска, улога на која што го имал своето деби во Бока Хуниорс, а потоа, по пристигнувањето во Европа, се повлекол поназад од својата дотогашна позиција, играјќи најпрво како играч од средниот ред во линија од три играчи, а подоцна, со доаѓањето во Емполи, под водството на тренерот Марко Џампаоло тој започнува да игра постојано како плејмејкер. Добар е во додавањата во длабочина и никогаш да не ја губи топката, но се издвојува по квалитетите во фазата на одбрана и по способноста да игра на тесни простори.
Клупска кариера Бока Хуниорс Тој се приклучил на младинскиот сектор на Бока Хуниорс на само 8 години, а своето деби за првиот тим го направил на 7 ноември 2011 година, во првенствениот натпревар на домашен терен против Аргентинос Хуниорс. Во сезоната 2012-2013, младиот играч за врска се наметнал во составот на Бока: на крајот од сезоната собрал 20 настапи и 4 гола.
Кјево, Рома и Емполи На 29 јануари 2014 година, тој бил позајмен на италијанскиот клуб Кјево Верона;Leandro Paredes al ChievoVerona трансферот се одвивал со поддршка на Рома, која откако немала слободни места достапни за играчите кои немаат државјанство на некоја од земјите членките на ЕУ, им дозволила на веронезите да го земат играчот на заем. На 4 мај 2014, дебитирал за „летечките магариња“ во домашниот натпревар против Торино, загубен со 1-0: овој натпревар претставувал негово деби во Серија А, но бил и негов единствен во сезоната со Кјево.
На 19 јули 2014 година, тој отишол на позајмица во Рома, со опција римскиот клуб да го откупи играчот на крајот од сезоната. На 27 септември, тој го направи своето деби за Рома против Хелас Верона, во натпревар добиен со 2-0 од „џалоросите“, појавувајќи се како резерва во второто полувреме на местото на Раџа Наинголан. На 8 февруари 2015, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот Каљари-Рома 1-2. На 26 февруари, тој го направил своето деби во Лига Европа во Ротердам против Фејенорд, заменувајќи го Франческо Тоти во 83-тата минута од натпреварот што завршил 2-1 за Рома. Првата сезона ја завршил со 13 настапи и 1 гол.
Откупен за 4,5 милиони евра, на 31 август 2015 година, Паредес бил пратен на позајмица во Емполи, со цел да добие повеќе простор за игра во италијанската Серија А. Своето деби во дресот на „аѕурите“ го имал на 13 септември на домашен терен против Наполи, кој завршил 2-2. На 19 септември, еден од неговите голови придонел за победа на гостувањето кај Удинезе, во натпревар кој завршил со победа на тосканците со 2-1. Тој повторно бил стрелец кон крајот на јануари 2016 година, во поразот од 5-1 против Наполи. Позајмицата во Емполи ја завршил со 33 одиграни натпревари и 2 постигнати гола, во кои, почнувајќи од осмото коло, тој бил постојан стартер на позицијата плејмејкер обезбедувајќи добри перформанси.
Во следната сезона (2016-2017) тој се вратил во Рома и го имал своето деби во Лигата на шампионите 2016-2017 против Порто во првиот натпревар од плејоф квалификациската рунда на 17 август 2016. На 23 октомври 2016 година, тој постигнал гол од слободен удар против , со помошта на противничкиот голман Јосип Посавец, во домашната победа со 4-1. Вториот гол во првенството го реализирал на 19 февруари 2017 година, во победата со 4-1 над Торино на Олимпико. Третиот и последен гол во кариерата во Рома го постигнал во победата со 3-1 против на 19 март 2017 година.
Вкупно во дресот на Рома одиграл 54 натпревари и постигнал 4 гола.
Зенит и Париз Сен Жермен
На 1 јули 2017 година, Паредес потпишал четиригодишен договор со Зенит Санкт Петербург, откако рускиот клуб и исплатил на Рома 23 милиони евра плус уште 4 милиони во бонуси. Дебитирал за Зенит на 16 јули 2017, во победата со 2-0 на гостувањето кај СКА Хабровск. Првиот гол за Зенит го постигнал на 13 август 2017, во победата со 4-0 над Ахмат Грозни на Крестовски. На 7 декември 2017, го постигнал својот прв гол во кариерата во европските натпреварувања, во победата со 3-1 во Шпанија над Реал Сосиедад. Икуството во Русија го завршил со вкупно 61 настап и 10 голови.
На 29 јануари 2019 година, заминал во за сума од 40 милиони евра плус 5 милиони во бонуси,Niente Allan, il PSG si consola: è fatta per Paredes, tutte le cifre потпишувајќи четири ипол годишен договор; Тој играл како стартер во втората половина од сезоната 2018-2019, помагајќи му на клубот да го освои француското првенство, но потоа паднал во резерва во текот на следната сезона, за сепак да ја врати стартната позиција во периодот после "локдаунот" заради пандемијата на КОВИД-19; на крајот од истата парижаните стигнале до финалето на Лигата на шампионите, во кое биле поразени од Бајерн Минхен со минимален резултат 1-0, а Паредес го започнал натпреварот и играл до 65-тата минута кога бил заменет од Марко Верати. Претходно, со клубот ги освоил француското првенство,Париз Сен Жермен го освоил француското првенство во сезоната 2019-2020, по одлуката на владата првенството прекинато по 28 кола заради Пандемијата на КОВИД-19, да не биде доиграно до крај и за крајни позиции да се земат местата на кои се наоѓале клубовите во моментот на прекинот на првенството. Со оглед на тоа што Париз Сен Жермен бил лидер во моментот на прекинот, титулата им припаднала ним. купот (за кој придонел и со еден гол, негов прв за ПСЖ во победата со 2-0 на гостувањето кај третолигашот По) и лига купот во истата сезона.
Во сезоната 2020-2021, Паредес одново го губи местото во стартната постава како резултат на доаѓањето на новото засилување Данило Переира. Од тој момент неговите настапи за клубот постојано се намалуваат, меѓу другото и како резултат на разни повреди со кои се соочувал. Сепак, на 10 април 2021 година, го постигнал својот прв гол во Лига 1 за ПСЖ, од слободен удар, во победата со 4-1 над . Во сезоната 2021-2022, тој настапил вкупно на само 22 натпревари поради проблеми со бутниот мускул и потоа со адукторот. На 7 декември го одиграл својот 100-ти натпревар за Париз Сен Жермен во победата со 4-1 над Клуб Бриж во Лигата на шампионите.
Јувентус На 31 август 2022 година, тој оди на позајмица со право на откуп во , враќајќи се во Италија по пет сезони. Своето деби со „бјанконерите“ го имал на 3 септември во ремито 1-1 против , во кое направил пенал, но за негова среќа противниците го промашиле. Три дена подоцна, на 6 септември, тој исто така дебитирал со црно-белиот дрес во Лигата на шампионите на Паркот на принцовите против неговите доскорашни соиграчи од , во поразот со 2-1: во тој натпревар тој ја допрел топката 102 пати, што е рекорд за играч на Јувентус кој дебитирал во елитното европско натпреварување. На 3 мај 2023 година, тој го постигнал својот прв гол за Јувентус од директен слободен удар во домашниот успех против со 2-1. Поради недоволно добрите настапи во текот на годината, тој не бил откупен од Јувентус на крајот од сезоната.
Враќање во Рома, па во Бока Хуниорс На 16 август 2023 година, тој бил купен од за 2,5 милиони, со кој потпишал двегодишен договор.
Репрезентативна кариера Во 2011 година, Паредес учествувал со аргентинската репрезентација под 17 години на Јужноамериканското првенство за играчи на таа возраст, каде собрал 6 настапи и 2 гола.
Во 2017 година, тој го добил својот прв повик за сениорската репрезентација од страна на селекторот Хорхе Сампаоли во пресрет на пријателскиот натпревар против Сингапур на 13 јуни, добиен од Албисилесте со 6-0 во кој Паредес го постигна својот прв гол за државната репрезентација.
Не бил повикан за Светското првенство 2018, но по завршувањето на тој турнир, станал стартер во средниот ред на репрезентацијата. Бил повикан на Копа Америка 2019, на која аргентинците завршиле како трети, и на Копа Америка 2021 две години подоцна, кога Аргентина ја освоила својата 15-та титула првак на континентот Јужна Америка.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 6 септември 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Бока Хуниорс ПД 4 0 КА 0 0 КЛ 0 0 - - - 4 0 2012-2013 ПД 20 4 КА 1 0 КЛ 1 0 СА 1 0 23 4 2013-јан. 2014 ПД 4 1 CA 0 0 - - - - - - 4 1Вкупно Бока Хуниорс 28 5 1 0 1 0 1 0 31 5 јан.-јун. 2014 Кјево А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0 2014-2015 Рома А 10 1 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 0+1 0 - - - 13 1 2015-2016 Емполи А 33 2 КИ 0 0 - - - - - - 33 2 2016-2017 Рома A 27 3 КИ 4 0 ЛШ+ЛЕ 2Во квалификациските кола+8 0 - - - 41 3Вкупно Рома 37 4 6 0 11 0 - - 54 4 2017-2018 Зенит ПЛ 28 4 КР 1 1 ЛЕ 103 настапи во квалификациските кола. 1 - - - 39 6 2018-јан. 2019 ПЛ 15 3 КР 0 0 ЛЕ 72 настапи во квалификациските кола. 1 - - - 22 4Вкупно Зенит 43 7 1 1 17 2 - - 61 10 јан.-јун. 2019 Л1 16 0 КФ+ЛК 4+0 0 ЛШ 2 0 - - - 22 0 2019-2020 Л1 17 0 КФ+ЛК 5+4 1+0 ЛШ 6 0 СФ 1 0 33 12020-2021 Л1 21 1 КФ 6 0 ЛШ 8 0 СФ 1 0 36 12021-2022 Л1 15 1 КФ 2 0 ЛШ 5 0 СФ 0 0 22 1 авг. 2022 Л1 3 0 КФ - - ЛШ - - СФ 1 0 4 0Вкупно Париз Сен Жермен 72 2 21 1 21 0 3 0 117 3 авг. 2022-2023 А 25 1 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 4+4 0+0 - - - 35 1 2023-2024 А 34 3 КИ 2 0 ЛЕ 13 2 - - 49 5 2024-2025 А 8 1 КИ 1 0 ЛЕ 2 0 - - - 11 1Вкупно Рома 79 8 9 0 26 2 - - 114 10Вкупно во кариерата 281 25 34 2 73 4 4 0 392 31
Титули Клупски Париз Сен Жермен Лига 1 : 3 2018-2019, 2019-2020, 2021-2022 Куп на Франција : 2 2019-2020, 2020-2021 Лига куп на Франција : 1 2019-2020 Суперкуп на Франција : 3 2019, 2020, 2022
Репрезентативни Аргентина Копа Америка : 1 2021, 2024 Светско првенство : 1 2022
Наводи
Надворешни врски
Леандро Паредес на soccerway Леандро Паредес на transfermarkt Леандро Паредес на whoscored Леандро Паредес на espn Леандро Паредес на tuttocalciatori
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Бока Хуниорс Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Зенит Санкт Петербург Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Родени во 1994 година