Лазарева Ледена Плоча (, ) — дел од ледената плоча на границата на Брегот на Принцезата Астрид во Земја на Кралицата Мод на Антарктикот. Сместена е меѓу островите Ленинградски и Вербљуд. Лежи на западниот дел на Рисер-Ларсеновото Море и долг е околу 90 км, при што на неговиот западен раб е ’ртот Разлом.
Плочата за првпат е снимена од воздух и картиран на Третата германска антарктичка експедиција од 1938–39 г. Понатаму е истражен и картиран од Советската антарктичка експедиција во 1959 г. и наречен по поларниот истражувач Михаил Лазарев (1788 – 1851).
’Ртот Опорни е леден ’рт долж западната страна на Лазаревата Ледена Плоча, околу 28 км северно од островот Ленинградски. Наречен е Опорни („потпорен“) бидејќи тука ледената плоча лежи на морското дно.
Поврзано Брег на Принцезата Астрид
Наводи
Категорија:Ледени плочи на Антарктикот Категорија:Земја на Кралицата Мод Категорија:Брег на Принцезата Астрид