мини|Бреговите на принцезите Рагнхилда и Астрид Брег на Принцезата Рагнхилда (, ) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот помеѓу 20° ИГД и Рисер-Ларсеновиот Полуостров (34° ИГД). Целиот брег е обиколен од ледени плочи освен источниот крај.
Откриен е од Јалмар Рисер-Ларсен и Нилс Ларсен со прелет на авион од бродот „Норвегија“ на 16 февруари 1931 г. и наречен по норвешката принцеза Рагнхилда. Заливот Вествика е залив на западната страна на Рисер-Ларсеновиот Полуостров; картиран е од воздушни снимки направени на експедицијата на Ларс Кристенсен во 1936–37 г. и наречен Вествика, со значење „западен залив“.
Место од орнитолошка важност Во пукнатина на ледената плоча има место од 379 ха сочинето од прицврстен мраз, околу 230 км западно од Рисер-Ларсеновиот Полуостров. Овој предел е прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи на него живее колонија од царски пингвини, првично откриени на сателитска снимка од 2009 г. Подоцна местото е посетено, и во 2014 г. избројани се 20.000 возрасни и младенчиња.
Поврзано Брег на Принцезата Астрид
Извори
Наводи
Надворешни врски Брег на Принцезата Рагнхилда — Збирен топографски речник на САД
Принцеза Рагнхилда Категорија:Земја на Кралицата Мод