Вежбање со дишење ― поим од новото време за различни вежби на дишење во кои се вели дека свесната контрола на дишењето влијае на менталната, емоционалната или физичката состојба на една личност, со тврден терапевтски ефект. Постојат ограничени докази дека вежбањето со здив може да биде корисно за опуштање и стрес на сличен начин како и медитацијата. Иако постојат тврдења дека вежбањето со дишење може да обезбеди други здравствени придобивки, истите тие не се докажани. За време на сесијата со вежбањето со дишење, поединците вообичаено ќе легнат и ќе им биде наложено да дишат користејќи одредени методи, во зависност од под-типот на вежбата со дишење. Покрај практикант, на самите сесии за вежбање со дишење често ќе има и присутни „седители“. Седителите се поединци кои обезбедуваат емоционална или физичка поддршка на оние кои вежбаат со дишењето. Повеќето сесии за вежбање со дишењето траат околу еден час. Практичарите на вежбите со дишење веруваат дека посебната шема на пасивно дишење на поединецот може да доведе до сознанија за нивниот несвесен ум.
Некои вообичаени несакани ефекти се „поспаност; трнење во рацете, нозете или лицето; и чувство на изменета свест што може да биде вознемирувачко за некои“. Дишењето генерално се смета за безбедно ако се прави со квалификуван практикант, но контраиндикациите како што се кардиоваскуларни болести, глауком, висок крвен притисок, ментална болест, тешка астма или нарушувања на нападите, меѓу другото, може да ја направат оваа вежба ризична. Потпирањето само на овој третман наместо барање конвенционална медицинска нега за ментални или физички болести може да има сериозни здравствени последици.
Опис и подвидови Вежбите со дишење се метод за контрола на здивот кој се обидува да доведе до изменети состојби на свеста и да има ефект врз физичката и менталната благосостојба. Произлезено од различни духовни и преднаучни традиции од целиот свет, овие вежби биле најпрво практикувани на Западот од старана на Вилхелм Рајх. Според Џек Расо, вежбите со дишење се опишани од поборниците како повеќеобличен „модалитет на исцелување“ кој се одликува со стилизирано дишење. Наводниот дизајн на вежбите е да изврши физички, емоционални и духовни промени. Таквата постапка, наводно, може да ги „распушти ограничувачките програми“ кои се „зачувани“ во умот и телото и ја зголемува способноста на човекот да се справи со повеќе „енергија“.Jack Raso M.S., R.D.: Quackwatch March 25, 2007 Медитацијата випасана се насочува на дишењето во и околу носот за да го смири умот (анапанасати).
Постојат неколку подвидови на вежби со дишење:
Повторно раѓање Постапка опишан како ослободување на потиснати трауматски спомени од детството, особено оние поврзани со сопственото раѓање. Ор предложил дека правилното дишење може да излечи болест и да ја ублажи болката. Ор смислил терапија за повторно раѓање во 1970-тите, откако наводно го преживеал сопственото раѓање додека бил во бања. Тој тврдел дека техниките на дишење може да се користат за да се исчистат трауматските спомени од детството кои биле потиснати. Нема докази дека поединците можат да се сетат на нивните раѓања. Се верува дека сеќавањата од нечие раѓање, кои се чини дека повторно се појавуваат за време на практиката на повторното раѓање, се резултат на лажни сеќавања. Повторно раѓање-вежба со дишење е една од практиките што ја критикувале антикултните експерти Маргарет Сингер и Јања Лалич во книгата <i id="mwUQ">Луди терапии: што се тие?</i> <i id="mwUQ">Дали тие работат?</i>. Сингер и Лалич напишале дека поборниците на ваквите „бизарни“ практики се горди на нивниот ненаучен пристап и дека тоа наидува на наклонетост кај неразумните странки. Во 2006 година, панел кој се состоел од над сто стручњаци кои учествувале во истражување на психолошки третмани; тие сметале дека терапијата за повторно раѓање е дискредитирана. Вивација Вежба која тврди дека ја подобрува благосостојбата преку употреба на кружно дишење. Создадена од Џим Леонард и Фил Лаут. Вежба со холотропно дишење Вежба која користи брзо дишење и други елементи како музика за да ги стави поединците во изменета состојба на свест. Таа била развиена од Станислав Гроф како наследник на неговата психоделична терапија заснована на ЛСД, по сузбивањето на законската употреба на ЛСД во доцните 1960-ти. Несаканите ефекти од аспектот на хипервентилација на холотропното дишење може да вклучуваат грчеви во рацете и околу устата. Бидејќи изразената цел на холотропното дишење е да се постигне изменета состојба, тоа не треба да се обидува самостојно. По извештајот од 1993 година, нарачан од Шкотската канцеларија за добротворни цели, загриженоста за ризикот дека техниката на хипервентилација може да предизвика напади или да доведе до психоза кај ранливите луѓе, ја натерала Фондацијата Фајндхорн да ја прекине својата програма за дишење. Други Постојат многу други видови на вежби со дишење кои се појавиле во текот на последните неколку децении, вклучувајќи ги интегративните вежби со дишење, преобразувачки вежби со дишење, шамански вежби со дишење, свесно поврзано дишење, зрачни вежби со дишење, вежби со дишење со зен јога.
Поврзано
Бутејков Метод Геј Хендрикс Хипервентилација Хиповентилација Пранајама, употребата на дишењето во јогата Првостепена терапија Вим Хоф
Наводи
Категорија:Псевдонаука Категорија:Алтернативна медицина Категорија:Медитација Категорија:Психотерапија Категорија:Вежби од новото време Категорија:Рачна терапија Категорија:Енергетски терапии Категорија:Психотерапии