мини|230x230пкс| Коктелка. Коктелка , или коктелски шешир, ― женски мал, екстравагантен и вообичаено безободен шешир. Обично е компонента на вечерната облека и е наменета како алтернатива на шеширот со голем обод. Овие капи често се украсени со мониста, накит или пердуви, како и превез или мрежа. Коктелките биле најпопуларни помеѓу 1930-тите и 1960-тите.

Некои модни историчари мислат дека коктелките биле претходник на фасцинаторите, модни додатоци носени на страната на главата кои се здобиле со популарност во 1970-тите,Brucculieri, Julia (2018-05-02). "Here's Why British Women Wear Such Ridiculous Hats At Weddings". HuffPost. Retrieved 2019-06-18. додека други тврдат дека фасцинаторите биле носени преку ден, а коктелките доцна попладне или навечер. За разлика од фасцинаторот, коктелката има целосно облкувана и видлива основа.

Коктелките можат да бидат со многу облици, почнувајќи од моделирана волна или филц или обликувана слама до помеки конструкции налик на турбан.

Поврзано

Коктелски фустан

Слични женски шешири:

Полушешир Велосипедски настегнат шешир Фасцинатор Куклен шешир

Наводи

Категорија:Шешири Категорија:Формална облека