Србиновски мост — железнички мост на железничката линија Скопје-Кичево, кој ја поминува Србиновска Река.

Мостот претставува највисок железнички вијадукт во Македонија.

Историја

Мостот бил изграден во 1964 година.

Дел од праговите на мостот изгореле во пожар во 2012 година, поради што движењето на возовите на вијадуктот било ограничено на 20 километри на час.

Во текот на 2013 година, истиот бил обновен. Во обновата биле променети 290 дрвени прагови во должина од 315 метри, биле поставени нови дрвени патосници и била санирана заштитната ограда. Со зафатот се овозможило возовите да се движат со брзина од 80 километри на час.

Особености

Вијадуктот е долг 315 метри, додека висината на средишните столбови изнесува 55 метри. Тој бил изработен од челична решеткаста континуирана греда.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мостови во Македонија